Сакате да пробате нешто ново и многу вкусно? Можеби досега сте јаделе тако или бурито, а сега е време за ново гастрономско дегустирање. Направете мексиканска тако салата и послужете ја во чинии од тортиљи. Изгледа предобро, зарем не?
Симбол на мексиканската кујна е познатиот тако зачин. Има интересна арома и вкус, па тоа беше мотив да приготвиме нешто интересно. Од неодамна низ маркетите може да се најде тако зачин од Рајска градина, а штом го забележавме веднаш го набавивме. Нам многу ни се допадна, совршено се вклопува за подготовка на мексиканска храна, како тако, енчилада, бурито или салата.

Состојки:
- 4 тортиљи
- 1 лажица масло
- 1 главица сечкан кромид
- 1 лажица тако зачин од Рајска градина
- 2 чешниња сечкан лук
- 450 г мелено телешко месо
- 240 мл доматен сос
- ½ чаша пилешки бујон
- 1 мала лажичка јаболков оцет.
За салата:
- марула
- 400 г црн грав од конзерва
- 240 г домати
- 2 страка млад кромид
- ¼ чаша сечкан коријандер (во замена може да користите магдонос)
- 2 лажици сок од лимон
- ½ чаша рендан кашкавал
- сол и мелен црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Прво направете ги чиниите од тортиља. Од алуминиумска фолија направете 4 топки со голема на портокал/лимон во зависност од големината на тортиљите.
- Тортиљите кратко загрејте ги за да може лесно да се виткаат. Потоа премачкајте ги со масло и поставете ги во 4 огноотпорни садови. Во внатрешноста поставете по една топка од алуминиумската фолија.
- Ставете ги во загреана рерна на 220 степени и печете ги за време од 10 до 15 минути, додека поруменат и станат крцкави. Извадете ги од рерната и оставете ги целосно да се изладат, а потоа отстранете ја фолијата и извадете ги од садовите.
- Во нелеплива тава на оган, на умерено висока температура ставете 1 лажица масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го кромидот и пропржете го околу 5 минути, додека омекне. Во тавата додајте го тако зачинот и сечканиот лук. Кратко пропржете ги. Потоа додајте го меленото месо и продолжете со пржењето уште 5 до 10 минути. Повремено мешајте со дрвена лажица за да се раздели месото на мали парчиња и добие кафена боја.
- Во тавата додајте ги доматниот сос, бујонот и оцетот. Оставете ја смесата да се згусти околу 5 минути. Потоа, тавата тргнете ја од огнот и зачинете ја со сол и мелен црн пипер.
- Марулата, доматите и младиот кромид исечкајте ги и ставете ги во длабок сад. Додајте го исцедениот грав и 2 лажици коријандер. Зачинете со лимонов сок, сол и мелен црн пипер.
- Тортиљите ставете ги во чинии. Во секоја тортиља ставете од салатата, меленото месо и рендан кашкавал. По желба додајте коријандер или магдонос. На здравје!

Наша препорака:
За да го доловите вкусот на автентичната мексиканска кујна, секогаш избирајте зачини кои се добро спакувани и заштитени. Тоа помага во зачувувањето на аромата и квалитетот. Кога станува збор за зачините и големиот избор, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина. Постојано нѐ изненауваат со нови зачини меѓу кои тако зачинот и провансата. За сите нови производи ви предлагаме да ги следите на нивната Facebook фан страница.
Ви препорачуваме да прочитате: Прованса зачинот е магичната состојка на француската кујна.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.