За време на омилените филмови или ТВ серии, фудбалски или кошаркарски натпревари, често сакаме да грицкаме нешто. Сега можете слободно да ги повикате вашите пријатели и уживајте заедно во неодоливиот вкус на тако чипс.
Подготовката е едноставна, а притоа ќе направите грицки кои имаат малку масти и сол.Потребни ви се само неколку состојки, малку креативност и многу желба за уживање! На здравје пријатели!

Состојки:
- 8 тортиљи од пченично или пченкарно брашно
- црвена пипер по потреба
- црн пипер по потреба
- чили по потреба
- доколку сакате некој дополнителен зачин по ваша желба
- малку маслиново масло.
Подготовка:
- Секоја тортиља намачкајте ја со малку масло и посипете ја со зачините.
- Зачинетите тортиљи исечете ги на триаголници со големина по желба.
- Спремните триаголници од тако чипс печете ги на температура од 180 степени.
- Ви предлагаме крцкавите тако чипс триаголници да ги послужите со чили сос, а можете да ги сервирате со павлака или друга храна за мезење.
Тако уживање е можно и дома, пробајте нема да се каете!
Ви предлагаме да прочитате и едноставен рецепт за похуван кашкавал.