Млекара Здравје Радово започна со дистрибуција на ново и практично пакување на свежо и трајно млеко од 1 литар, во Tetra Pak®, Tetra Brik® Aseptic амбалажа. Ваквото пакување е значително попрактично, што на потрошувачите ќе им овозможи производот да биде лесен за употреба.
Целта на новото пакување е резултат на посветеноста на Млекара Здравје Радово за задоволување на потребите и желбите на потрошувачите. Ваквото пакување овозможува практична употреба и лесно одржување на исправноста на отворениот производ.
Млеката пакувани во новата амбалажа, следејќи ја современата технологија и врвни стандарди за безбедност и исправност на храната, го задржуваат добриот и препознатлив традиционален вкус и квалитет, а се достапни во 3 варијанти во пакување од 1 литар:
Здравје 100% свежо млеко со 3.2% млечни масти
Здравје 100% свежото млеко има богат вкус исполнет со свежина и се произведува со пастеризација и хомогенизација на внимателно избрано млеко. Богато е со витамините А, Б, Д и калциум, а не е потребно да се вари.
Здравје трајно млеко со 3.2% млечни масти
Здравје трајното млеко со 3.2% млечни масти е произведено со краткотрајна стерилизација и хомогенизација (UHT третман) што овозможува продолжена трајност во подолг временски период.
Здравје трајно млеко со 0.5% млечни масти
Здравје трајно млеко со 0.5% млечни масти е производ кој заслужува да биде врвен и прв избор на потрошувачите кои внимаваат на внесот на калории и својата линија.
Врвниот квалитет на суровото млеко и новото пакување се пресудни фактори за зачувување на хранливите својства, безбедноста и трајноста на млечните производи, а Млекара Здравје Радово активно работејќи на унапредување на своите капацитети започна со работа и со нов производен капацитет во Битола, каде ќе бидат вработени голем број на стручни кадри.
*Комерцијален текст