7 намирници кои не предизвикуваат надуеност на стомакот 1

7 намирници кои не предизвикуваат надуеност на стомакот

Ако не сакате да одете в кревет гладни, ниту со чувство на тежина во стомакот, треба да ја прочитате оваа содржина. Има и такви намирници кои може да ги јадете во подоцнежните часови, а да не ви предизвикаат надуеност на стомакот и пречки во спиењето.

Бадеми

Тие се богати со витамин Е кој и годи на кожата. Имаат доста протеини и омега 3 масни киселини, но со оглед на тоа што се доста калорични, внесот треба да го ограничите на 20-25 бадеми во оброк, односно на ден. Најдобро е да ги јадете свежи и не печени, несолени, ниту засладени, бидејќи така припремени сепак може да придонесат кон надуеност на стомакот.

Чај од ѓумбир, камилица или нане

Чаевите се идеални против надуеност на цревата и системот за варење, а посебно погоре набројаните. За наутро да имате рамен стомак, навечер е добро да се напиете некој од овие чаеви.

Може да ве интересира: Како од ѓумбир да направите напиток против надуеност?

7 намирници кои не предизвикуваат надуеност на стомакот 2

Грејпфрут, малини, јагоди

По повеќе нутриционистички препораки на вечер не се препорачува да се јадем овошје, затоа што содржи многу шеќери кои се апсорбираат и на тој начин предизвикуваат надуеност. Грејпфрутот, малините, јагодите, а во одредена мера и кивите доаѓаат во предвид. Овие овошја содржат доста вода, богати се со витамини, минерали и антиоксиданси, па се поздрав избор од другите овошја кога станува збор за вечерните часови.

Немасно кисело млеко или јогурт

Јогуртот е одличен пробиотик и му помага на организмот да ги избалансира корисните и „лошите“ бактерии. За дополнување на вкусот, јогуртот можете да го подготвите со малку боровинки или малинки.

Може да ве интересира: Ослободете се од надуеност и гасови во стомакот.

Пилешко месо, мисиркино и риба

Протеините од пилешкото и мисиркиното месо, и од рибата, се добар избор за вечера бидејќи го поттикнуваат метаболизмот и тој топи калории позабрзано за време на ноќта.

Папаја

За разлика од останатото овошје, папајата содржи ензим папаин кој е добар за варењето. Папаинот е исклучително делотворен ензим кој го поттикнува варењето и разградбата на храната во дигестивниот систем.

Овес

Овесните житарки кои се богати со растителни влакна и ја забрзуваат работата на цревата. Доволно е да консумирате околу 25 грама од нив за да поттикнете подобро варење. Измешајте ги со немасен јогурт и на здравје.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 намирници против надуеност.

Сподели: