Мазна, сјајна и хидрирана кожа е цел на секоја жена. Но, нејзината убавина доаѓа од она што го внесуваме во себе преку храната. Прочитајте кои намирници се препорачливи за да имате подобар изглед на вашата кожа.
Здравата исхрана го чува здравјето на кожата, но исто така може да ја забави и спречи појавата на раните знаци на стареење. Токму поради тоа, ви претставуваме листа на намирници кои треба почесто да ги консумирате за да имате мазна, сјајна и хидрирана на кожа.

Mаслиново масло
Маслиновото масло е богато со витамини А и Е, кои се апсолутно неопходни за кожата. Витаминот Е ѝ дава свежина на кожата, а витаминот А ја обезбедува нејзината еластичност.
Диња
Дињата е богата со витамини, минерали, растителни влакна и антиоксиданти. Содржи големи количини на витамин Б6 и Б9, витамин К, калиум и витамин Ц. Витаминот Ц е клучен во метаболизмот на колагенот – најзастапениот протеин во организмот. Колагенот има структурна фунцкија, витална за одржувањето на здраво кожно ткиво.
Лубеница
Лубеницата се состои од 93 % вода и речиси не постојат природни намирници кои можат да ни ја хидрираат кожата како ова овошје. Покрај водата во лубеницата се присутни и витамините А, Б6 и Ц, кои ќе ја ревитализираат кожата и ќе ја заштитат од сонцето.
Авокадо
Освежете ја кожата и вратете и го сјајот со помош на авокадо. Масните киселини во авокадото ѝ помагаат на кожата да остане хидрирана и без иритации.
Кокосово масло
Кокосовото масло дејствува како ефективна крема за сите типови на кожа. Го забавува појавувањето на брчки и опуштање на кожата, како и предвремено стареење. Помага и во лекување на разни кожни болести, вклучувајќи псоријаза, дерматит, егзема и други кожни инфекции.
Ви препорачуваме да прочитате: Алое вера за совршена кожа.