Има многу причини зошто на вашето мени почесто да се најдат малите слатки капини. Тие изобилуваат со антиоксиданси и витамини, а благодарение на поволниот состав помагаат за превенција на кардиоваскуларни, когнитивни и канцерогени заболувања. Во народната медицина се користат за различни намени, меѓу кои и за зајакнување на крвта. Пребарувајќи низ интернет, го пронајдовме овој рецепт за напиток од црвено вино, листови капина и коприва против анемија.
Сите три состојки кои се користат се познати сојузници за зајакнување и прочистување на крвта, па веруваме дека нивната комбинација благопријатно ќе делува на организмот.

Напиток од капина, коприва и вино против анемија
Состојки:
- 50 г суви листови капина
- 50 г суви листови коприва
- 1 литар домашно црвено вино.
Подготовка и начин на употреба:
- Сувите листови од капини и коприва ставете ги во црвеното вино. Оставете ги да отстојат за време од 24 часа.
- Потоа, садот со виното и листовите ставете го на оган. Варете го напитокот околу 5 минути.
- Садот тргнете го од огнот и оставете го напитокот да се излади. По желба засладете го со шумски мед. Ставете го во шише со капак и чувајте го во фрижидер.
- Од овој напиток пијте по 1 чаша секој ден.
Напомена: Бидејќи напитокот содржи алкохол, не се препорачува за трудници, доилки и деца.
Ви препорачуваме да прочитате: Капините може да превенираат и да го забават растот на карциномот.