Напиток од зелен чај за ослободување од токсините во организмот

Напиток од зелен чај за ослободување од токсините во организмот

Денес е еден од најраспространетите чаеви низ светот и се вбројува во најздравите пијалоци. Содржи антиоксиданси кои се борат против слободните радикали, го спречува размножувањето на бактериите и му овозможува на организмот флавоноиди кои се борат против рак. Одличен е и за чистење на телото, па за таа цел, сигурно од голема помош ќе ви биде овој феноменален напиток од зелен чај!

Консумацијата на зелен чај ќе ви помогне да се ослободите од сите несакани токсини од организмот и темелно ќе го прочистите дигестивниот тракт. Покрај тоа, зелениот детокс чај помага и за топење на масните наслаги, губење на вишокот килограми, а го забрзува и метаболизмот.

зелен детокс напиток

Како да направите зелен детокс чај кој ќе ви помогне да се ослободите од штетните токсини во вашиот организам?

Состојки:

  • 1 чаша ладна вода
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лимон
  • 3/4 чаша изладен зелен чај
  • коцки мраз по потреба.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Лимонот прво добро измијте го, а потоа потопете го во чаша со ладна вода во која претходно сте ја раствориле содата бикарбона. Оставете го така да стои неколку часа. Доколку користите органски лимони, оваа постапка може да ја прескокнете.
  2. Во меѓувреме подгответе го зелениот чај. Водата ставете ја во сад на оган да се затопли, но внимавајте да не зоврие. Најдобро за подготовка на зелен чај е да користите загреана вода на температура од 70-90 степени. Во топлата вода ставете ја кесичката чај да стои во неа околу 3, максимум 5 минути. Потоа извадете ја кесичката, а чајот оставете го целосно да се излади.
  3. Откако изминало потребното време за лимонот, пресечете го на половина. Едната половина исечете ја на кругови, а од другата исцедете свеж сок.
  4. Нането темелно измијте го. Може да биде исечкано или ливчињата да бидат цели за да може да ги отстраните.
  5. Во поголем сад ставете ги изладениот чај, сокот и парчињата од лимон, и нането. Измешајте и вашиот напиток е готов за пиење.
  6. По желба, зелениот детокс чај процедете го и засладете го, па сервирајте го со коцки мраз.

Совет плус: Со цел да постигнете најдобри резултати, нутриционистите препорачуваат да пиете по три чаши од овој чај.

Ви препорачуваме да прочитате: Купка од зелен чај – природен еликсир за здравје и долговечност.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: