слатки елки

Направете ги највкусните божиќни елки за десерт

За да биде празничната трпеза комплетна сите приготвуваме најразлични новогодишни специјалитети, на кои се радува целото семејство, а особено најмалите членови на фамилијата. Вкусните колачи во форма на слатки елки се најголема радост за нив, а дефинитивно може да ја разубават трпезата.

А сега, секој ќе има можност да ги направи божиќните елки кои одлично ќе се вклопат на трпезата за претстојните празници. Лесни се за изработка, а прекрасно изгледаат. Погледнете го краткото видео и следете ги инструкциите.

Состојки:

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете го шлаг кремот и додајте ладно млеко, согласно со упатството наведено на пакувањето. Шлаг кремот матете го со миксерот за време од 3 до 4 минути, додека добиете густа смеса.
  2. Врз секој мафин на горната страна, со помош на нож ставете малку шлаг и размачкајте го.
  3. Во преостанатиот шлаг крем додајте зелена прехранбена боја и добро измешајте.
  4. Секој корнет премачкај го со тенок слој од зелениот шлаг. Корнетот ставете го во средината на мафинот, а потоа со помош на готварскиот шприц правете мали форми како што е прикажано на видеото, за да се добие форма на елка.
  5. За да ја завршите декорацијата, врз слатките елки нанесете шеќерни сребрени топчиња.

Сподели: