Купатилото е просторија во куќата кој подеднакво го користат сите во фамилијата, па затоа треба да посветите посебно внимание за неговата хигиена. Чистењето на купатилото ќе ви биде многу полесно, а миризбата многу попријатна ако си направите домашен освежувач за WC школката.
WC школката е прав мал „расадник“ на бактерии и нечистотии, а нејзиното чистење е работа на која никој не и се радува. Затоа ви претставуваме еден одличен рецепт за сапунче со кое WC школката ем ќе се чисти од бактерии, ем ќе има пријатен мирис.

Потребнo:
- 1 и 1/3 чаша сода бикарбона
- 1/2 чаша лимонска киселина
- 30 капки етерично масло од лаванда (може да користите пеперминт или лимон по желба)
- силиконски калапи за колачи.
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги содата бикарбона, лимонската киселина и етеричното масло, па добро промешајте додека добиете хомогена смеса. Ако ви се чини дека смесата е премногу густа додајте малку вода, но во многу мала количина и полека измешајте.
- Добиената смеса турете ја во силиконските калапи за колачи, па оставете ги да се стегнат најмалку 6 часа.
Начин на чување и употреба:
- Откако добро ќе се стегнат, сапунчињата ставете ги во чиста тегла или во пластичен сад со капак.
- Освежувачките сапунчиња користете ги така што едноставно ќе ги ставите во WC школката кога и да мислите дека и е потребно освежување, а после тоа пуштете вода.
Ви препорачуваме да прочитате: Ефикасно средство за чистење на купатило.