Лесно и на интересен начин ќе направите фантастични новогодишни декорации со светки од кои собата ќе заблеска, срцето ќе ви е полно со радост, а нема да потрошите многу пари кои ни се потребни за безброј потреби деновиве. Креирајте сами и декорирајте го прекрасно вашиот дом! Издвојте неколку минути и погледнете како да направите целосна преобразба на атмосферата во вашето омилено катче.
Она што е најдобро од ова видео, е тоа што ќе научите како да направите 4 различни декорации секако во ист стил и со слични ресурси. Ќе погледнете како обичните чаши, шишиња за вино, пердуви и балони, може да ги претворите во прекрасни новогодишни декорации со светки. Основен материјал кој вие е потребен за работа е најлонската подлога врз која ќе го создавате своето креативно дело. Најлонската подллога ќе ви послужи како заштита на основата, масата и подот врз кој што ќе ги правите лесните и интересни новогодишни декорации со светки. Освен тоа, потребно ви е лепило, четка за размачкување, светки во вашите омилени бои или бои кои се вклопуваат со домашната атмосфера, неколку украсни пердуви, средно големи балони, конец и украсно камче, и забавата може да започне!
Ако имате желба да си ја продолжите својата креативна забава, ние можеме да ви предложиме уште неколку видео прикази кои најдобро ги покажуваат чекорите за изработка на новогодишни декорации, декоративни украси и подароци. Погледнете како може лесно да направите:
- новогодишен венец од цевки за пиење напитоци (кликнете тука да го видите видео приказот и упатството)
- кликнете тука за да видите како може да направите празнични салфетки во форма на елка,
- за да направите уникатен подарок од стара тегла кликнете тука
- ако сакате да погледнете како може да направите декоративни салфетки кликнете тука за 3 начини за празнична декорација на салфетки – ѕвезда, лист и круна.