Од старите тегли направете уникатен новогодишен подарок

Од старите тегли направете уникатен новогодишен подарок

Кој би рекол дека толку едноставна идеја може да ви пружи огромно емотивно задоволство, нели? Ќе потрошите само неколку минути од вашето време и од старите тегли кои ги имате дома ќе добиете прекрасен и уникатен новогодишен подарок!

Креативноста нема граница, а посебно кога сакаме да изненадиме некого. Овој уникатен новогодишен подарок можете да го поклоните на деца и возрасни, на пријатели и роднини кои знаат да се забавуваат и да бидат среќни. По желба можете да направите и различна внатрешност која ќе одговара на желбите на оној кој го прима подарокот, а ние би ви предложиле доколку ви се допаѓа да си го направите и самите за себе и да го збогатите домот со убав и уникатен украс направен со многу љубов. За овој прекрасен и едноставен новогодишен подарок потребни ви се неколку елементи.

Состојки:

  • една тегла, тоа може да биде стара и чиста тегла или нова по желба
  • капак за затворање на теглата
  • мала елкичка
  • малку конец
  • лепило
  • мал автомобил – играчка
  • парче стиропор
  • вештачки снег.

Подготовка:

  1. Најпрво припремете го украсот. На задниот дел на малиот автомобил со помош на конецот заврзете ја елката, а потоа залепете ја врз стиропорот.
  2. Така споени, ставете ги во теглата, а потоа внатре додајте го вештачкиот снег и затворете ја.

Се надеваме ќе уживате во видеото за подготовка и во позитивните емоции додека подарувате или го гледате украсот во вашиот дом. Среќни празници!

Сподели: