прав од кора на портокал

Направете прав од кора на портокал и искористете го против лош здив, бронхитис или за нега на лицето

Следен пат штом јадете портокали, немојте да ја фрлате кората! Ова овошје најдобро е да се консумира целосно, тоа значи да се искористи и неговата кора, која има бројни здравствени придобивки. Можете да направите прав од кора на портокал и истиот да го искористите против лош здив, бронхитис, смрзнатини или за нега на кожата.

Секако мора да се потенцира дека портокалот мора да е органски и да не е третиран со никакви пестициди и хемикалии. Во спротивно и самиот прав кој ќе го добиете од  таквите портокали ќе содржи штетни хемикалии. А ако веќе имате портокали, направете го овој спреј против пестициди и искористете ја кората. Во продолжение ви ја претставуваме постапката за подготовка на овој прав, како и идеи за негово користење.

прав од кора од портокал

Начин на подготовка и чување:

  1. Најпрво загрејте ја рерната на 90-95оC.
  2. Потоа излупете ги портокалите, а од кората отстранете го белиот горчлив дел.
  3. Кората исечкајте ја на долгнавести ленти (широки околу 1 до 1,5 см).
  4. Наредете ги во тава, претходно обложена со хартија за печење. При редењето внимавајте надворешниот дел од кората да биде поставен врз хартијата.
  5. Ставете ја тавата во рерна и оставете ја да се суши кората околу 3 – 4 часа. Превртувајте ја на секои 15 минути, за да не загори.
  6. Исклучете ја рерната, а тавата оставете ја во неа преку ноќ, за да се досуши кората.
  7. Откако во целост ќе се досуши, ставете ја во блендер или мелница за кафе и иситнете ја до прав.
  8. Измелениот прав од кора на портокал чувајте го во тегли кои херметички ќе ги затворите.

Вака припремениот прав може да се користи за повеќе намени и тоа:

Како маска за лице

Потребно е само да измешате малку од правот со млеко или вода во сооднос 1:1 и да добиете паста. Маската нанесете ја на лицето и оставете ја да делува околу 10 минути. Исто така, маската може да ја користите и за нега на телото. Оваа маска е одлична против стареење на кожата и против нејзино воспалување.

Против бронхитис

Можете да подготвите чај од кора на портокал и да си ги олесните тегобите предизвикани од бронхитис. Ставете неколку суви парчиња кора во вода и ставете ги да зовријат. Откако ќе го сварите чајот процедете го и спремен е за консумирање.

Против смрзнатини

Против овој проблем можете да си помогнете така што ќе промешате прав со масло за нега на кожата. Вака направеното масло може да се нанесува на лице или на било кој дел од телото по потреба. Оставете го да делува околу 5-10 минути и исплакнете го со млака вода.

Против лош здив

Кората од портокал помага во балансирањето на Ph во усната празнина, спречува крвавење од непцата и го одржува свеж здивот преку целиот ден. Можете да џвакате кора од портокал, или пак да ја испирате усната празнина со вода во која сте раствориле прав.

Внимание: Овие третмани не се препорачуваат на трудници и доилки. Исто така, луѓе кои имаат чувствителна кожа треба претпазливо да го користат правот и пред употреба да го тестираат на мал дел од телото. Употребата на овој прав може да доведе и до зголемување на желудочната киселина, па затоа треба да се воведува постепено и да се следи реакцијата на телото.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 добри причини да јадете портокали секој ден.

Сподели: