Направете сами ароматизирана киселина со зачини 1

Направете сами ароматизирана киселина со зачини

Летото е одличен период за кујнски експерименти! За да направите ароматизината киселина со зачини и не постои подобар период од годината. Сега имате можност да искористите свежо нане, босилек, рузмарин, лаванда итн. и да им дадете на јадењата посебен шмек!

Во светската кујна ова е нормално, а кај нас е доста ретка појава. Меѓутоа, новите трендови и желбата за експериментирање во кујна се секогаш доволна инспирација за да пробаме нешто ново. Никогаш не се знае, можеби ќе ви се допадне, пробајте!

Направете сами ароматизирана киселина со зачини 2

Може да ве интересира: Едноставно направете мирисна киселина од лаванда.

Состојки:

  • винска киселина по потреба
  • разни зачини по желба: каранфилче, свеж ѓумбир, лук, црн пипер, свежо нане, босилек, рузмарин, лаванда.

Подготовка:

  1. Земете чисто стаклено шише и прво ставете ги избраните зачини во него.
  2. Потоа наполнете го шишето до крај со винската киселина.
  3. Ставете ја на сончева локација и оставете ја да стои околу 15 дена.
  4. Процедете ја и кратко проварете ја, па повторно турете ја во стерилно шише и затворете. За да се зачува мирисот на зачините, ароматизираната киселина чувајте ја во фрижидер.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да ја употребите мирисната киселина од лаванда?

Сподели: