Ако издвоите малку време и набавите само неколку состојки, во домашни услови можете да си подготвите природен енергетски напиток кој го зајакнува организмот, помага за намалување на килограмите, а и лесно се прави! Станува збор за еден вид лимонада во комбинација со неколку корисни состојки.
Лимонот е вистинско богатство од природата. Освен што е богат извор на витамин Ц, тој е совршен и за детоксикација на организмот. Чиа семето е познато како семе на здравјето и иднината, бидејќи на телото му ја враќа силата и го подобрува имунитетот. Во оваа комбинација, чиа семето е значајно како забрзувач на метаболизмот и помагач за намалување на вишокот на килограми. Многу е богато со омега 3 масни киселини, а идеално е за сите кои сакаат да се хранат здраво и не содржи глутен.

Состојки:
- 1 шолја вода
- свежо цеден сок од 1 лимон
- 1 лажица јаворов сируп (или друга здрава замена за шеќер)
- 1 лажичка чиа семе.
Подготовка:
- Подготовката е многу лесна и едноставна. Сите состојки ставете ги во чаша, добро измешајте и оставете да стои околу 10 минути. Потоа, слободно препуштете се на добриот вкус и уште подобрите својства на детоксикација и доза со енергија.
Овој напиток се нарекува енергетска бомба, а тоа е така затоа што по една испиена чаша ќе почувствувате бран на енергија и сила. Токсините ќе исчезнуваат од организмот со секоја голтка!
Ви препорачуваме да прочитате: 4 лесни совети за успешна детоксикација.