Направете снешко од пластични чаши

Пребарувајќи низ интернет за креативни идеи за новогодишни украси го најдовме видеото во кое е претставено како може да направите снешко од пластични чаши. Сигурни сме дека на овој снешко најмногу ќе се радуваат најмалите, па издвојте малку време и направете снешко.

Празниците доаѓаат, па во сечиј дом секогаш има место за новогодишен украс кој плени со својата уникатност и креативност. А бидејќи на сите им е важно да не потрошат голема сума на пари, ние сме тука да ви дадеме предлози и идеи со кој ќе го разубавите својот дом.Навистина е лесно да се направи и во вашиот дом ќе ја донесе прекрасната атмосфера за Божиќните и новогодишните празници. Едноставно речено, вреди да се обидете!

Убавото кај овој Снешко е што е голем, неверојатно впечатлив, евтин и никогаш не се топи. Ова е одличен проект доколку имате поголеми деца кои ќе ви помагаат и истовремено ќе се забавуваат. Погледнете го видеото и следете ги инструкциите.

Еве што ви е потребно и како може да направите снешко од пластични чаши

Доколку сакате да го направите слаткиот и декоративен снешко сами, еве што ви е потребно

  • Хефталка и многу иглички за хефталката
  • Околу 250 до 300 чаши
  • Кругови од црн картон кои ќе послужат како очи и копчиња
  • Капа и шал

Подготовка:

  1. Започнете така што ќе направите круг од околу 25 чаши. Чашите прицврстете ги со хефталката. Чашите поставувајте ги на рамна површина, на пример, на подот или на маса, за да добиете симетричен снешко. Потоа направете уште еден таков круг од 25 чаши и прикачете го првиот. Во третиот и сите останати кругови намалете го бројот на чаши за да се добие форма на полутопка. Со спојување на две полутопки се добива долниот дел на снешкото.
  2. Целата постапка се повторува уште еднаш за да се формира втора топка. Бидејќи оваа треба да биде помала од претходната, започнете со околу 15 чаши. Направете ја втората топка од горната страна целосна.
  3. Откако ќе ги споите двете топки, може да започнете со декорација на снешкото. За декорација на очите и копчињата, освен црн картон, може да користите топчиња од хартија или волна. За носот можете да користете портокал, хартија свиткана како конус или вистински морков. Можете да го користите лепак или со хефтање да се прикачите декорациите кои сакате да ги поставите. На крај, може да ставате светилка внатре и да добиете совршен новогодишен украс!

Можеби ќе ве интересира и: Празничен венец од новогодишни бастунчиња (лижавчиња).

Сподели: