Брза празнична торта

Ако сте во потрага по совршен десерт за празничното мени, нашата пријателка Елизабета има одличен рецепт. Брза празнична торта со сочно тесто и префинет фил. Пробајте ја, нема да погрешите!

Совршениот спој на сите состојки прави да уживате во секое залче од оваа празнична торта. Подготовката е брза и лесна, а сигурни сме дека најмногу ќе уживате во декорирањето. Разбудете ја вашата креативност и направете најубав празничен десерт со уникатна новогодишна декорација.

брза празнична торта

Состојки:

За тесто:

  • 285 г шеќер
  • 120 мл масло за јадење
  • 3 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 120 мл кисела павлака
  • 280 г брашно
  • 60 г какао
  • 2 ½ лажички прашок за печиво
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • 355 мл кафе или вода.

За фил:

  • 350 г путер на собна температура
  • 780 г шеќер во прав
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 10 лажици слатка павлака
  • 100 г рендано чоколадо.

Подготовка:

  1. Во длабок сад изматете ги шеќерот, маслото, јајцата и екстрактот од ванила. Потоа додајте ја киселата павлака и повторно изматете.
  2. Во друг сад измешајте ги какаото, прашокот за печиво, сода бикарбона и брашното.
  3. Постепено додавајте ги сувите состојки во изматените. На крај додајте го и кафето. Изматете кратко за да се соединат состојките.
  4. Тестото поделете го на 3 еднакви делови. Секој дел печете го во калап со дијаметар 20 cm, претходно обложен со хартија за печење. Готовото тесто извадете го од рерна и оставете го да се излади.
  5. Додека се лади тестото, спремете го филот. Во сад изматете го путерот додека да добиете пенеста смеса. Потоа, додајте ги шеќерот во прав, екстрактот од ванила и слатката павлака. Продолжете со матење за состојките да се соединат.
  6. Откако корите ќе се изладат може да ги филувате. На првата кора ставете од филот и убаво распоредете го. Врз филот ставете рендано чоколадо. Одозгора ставете ја втората кора и повторете ја постапката. Ставете ја и третата кора и филувајте ја цела торта.
  7. Украсете ја со новогодишни мотиви по ваша желба и послужете ја. На здравје!

Автор на рецептот: Елизабета Пешовска (My little kitchen stories).

Ви предлагаме да прочитате: Посна баклава со ф’стаци.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: