суво овошје

Направете суво овошје во рерна

Дали знаете дека вашето омилено суво овошје може да го направите дома, користејќи ја рерната? Методот за подготовка на сушено овошје е едноставен и се прави така што  овошјето се загрева на ниска температура, со што се овозможува водата да евапорира, а шансите за раст на бактериите и расипување се минимални.

Припремете го овошјето за сушење

За да добиете вкусно суво овошје, најпрво треба правилно да го подготвите овошјето. Секогаш изберете зрело овошје и измијте го со ладна вода. Потоа отстранете ги сите дамки и исечете го на еднакви делови, за да може да се исуши подеднакво за ист временски период.

Отстранете ја кората

Некои овошја како што се праските и јаболката, подобро ќе се исушат доколку ја отстраните кората. Со помош на нож, долната страна на овошјето засечете ја во форма на Х. Во сад со вода која врие, ставете го овошјето околу 30 секунди, а потоа ставете го во сад со ладна вода. На овој начин, најлесно ќе ја отстраните кората.

Зачувајте ја убавата боја на овошјето

За да изгледа убаво и да се зачува бојата на овошјето, ставете го во сад во кој се наоѓа свежо исцеден сок од лимон и вода. Оставете го да стои 10 минути, а потоа исушете го со чиста кујнска крпа.

Подгответе ја рерната

Загрејте ја рерната на 54 до 70 степени Целзиусови. Користете пониска температура за овошје како што се јаболката и праските, а повисока температура за јагодесто овошје.

Во тавата во која ќе го сушете овошјето ставете хартија за печење. Распоредете го овошјето во еден ред и внимавајте да не се допираат парчињата меѓу себе. На горната страна над овошјето ставете мрежест калап за печење на пица, кој ќе спречи овошјето да извитка за време на сушењето. Ставете го овошјето во рерна, а на секои 2 часа ротирајте ги страните.

Колку време треба овошјето да се суши?

  • Сливи 6 часа
  • Круши 6 часа
  • Праски 6 часа
  • Банани 6 часа
  • Јаболка 6 часа
  • Грозје 8-10 часа
  • Кори од цитрусно овошје 8-10 часа
  • Вишни 12 часа
  • Јагоди 12 часа
  • Кајсии 12 часа

Кога овошјето е исушено, извадете го од рерна и ставате го во стаклен (може да користите тегла) или пластичен сад. Садот оставете го отворен 4 до 5 дена, така да може влажноста која останала при сушењето да евапорира. Протресете го садот секој ден.

Затворете го садот и уживајте во сувото овошје, кое може максимално да го чувате 10 месеци.

Сподели: