Креативен проект за убави велигденски празници. Поканете ги најмалите и уживајте во креирањето на мала велигденска кошничка.
Со оглед на тоа дека лесно и брзо се прават, можете да направите повеќе кошнички и да ги подарите за време на убавите празници. Најважно од се е да имате картонска хартија од кујнски бришачи и забавата може да започне.
Потребни ви се:
- картонска хартија од кујнски бришачи
- скалпел
- лепило
- мало јаже од коноп
- ножици
- картон
- чепкалка за уши
- украсна лента.
Подготовка:
- Картонската хартија со помош на скалпел и ножица пресечете ја на половина или пак според посакуваната висина. Така ќе ја добиете основата на кошничката.
Од картонот исечете кружна форма со големина колку картонската хартија. Тоа ќе биде дното на кошничката. - На краевите ставете лепило и прицврстете го дното со кошничката.
- Потоа, ставете лепило околу картонската хартија и залепете го јажето од коноп.
- Исечете правоаголна лента од картонот. Врз лентата ставете лепило, но оставате по 2 см од краевите. Врз лентата повторно залепете со јаже од коноп. На двата краеви ставете лепило и зацврстете ја рачката на кошничката.
- На горниот дел заврзете украсна лента и декорирајте со цветови или други велигденски украси по желба.
- На крај, во кошничката поставете салфета или вештачко сено. Во секоја кошничка поставете по едно јајце.
Ви предлагаме да прочитате: Направи сам: Велигденска торбичка – зајаче.