хранливи состојки за имунитет

Најдобрите хранливи состојки за јакнење на имунитетот

Во време на пандемија сите бараме начин да се заштитиме и делуваме превентивно на опасноста. Без разлика дали станува збор за корона вирус, грип или обична настинка, важно е да знаеме како правилно да се заштитиме. А, тоа значи дека ни се потребни хранливи состојки за јакнење на имунитетот.

Имунитетот е главна одбрана на организмот од вируси, бактерии и други причинители на болести и инфекции кои може да го нарушат здравјето. Кога имунитетот е ослабен, не може да се бори со микроорганизмите кои го напаѓаат и организмот станува подложен на настинки и грип. За да се заштитиме од напад на штетни микроорганизми, важно е да внимаваме на исхраната, односно внесот на хранливи состојки.

хранливи состојки за имунитет

Витамин Ц во улога на антиоксиданс

Сигурно е дека витаминот Ц е најраспространетиот витамин во храната. Освен што делува како антиоксиданс, има клучна улога и во јакнење на имунитетот, превенција од кардиоваскуларни и болести на очите. Најчесто со консумирање на разновидна храна од растително потекло се внесуваат потребните количини на витамин Ц, но не ретко, за јакнење на имунитетот е потребен дополнителен внес.

Потребен ви е дополнителен внес на витамин Ц? – Нашите пријатели Тримекс имаат уникатна и патентирана не-киселинска форма на витаминот Ц. Станува збор за AlphaSorb-C. Витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој може да ги заштити клетките на телото од оштетувања од слободните радикали. Се препорачува при настинка, грип и инфекции. Витаминот Ц помага и при алергии, лечење на рани, создавање на колаген. Метаболитите на AlphaSorb-C ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, го зголемуваат степенот на искористливост на витаминот Ц за два пати во однос на стандардниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на оздравување. Се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц.

Може да ве интересира: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.

Бета глукан за активирање на имунолошкиот систем

Бета глуканот е сложена молекула на полисахарид. Во природата може да се најде во некои печурки кои се јадат, овес и јачмен, како и некои видови на алги. Бета глуканот е природен активатор на имунолошкиот систем. Човечкиот организам не може да произведе бета глукан, па често покрај исхраната потребно е да се зема и како додаток во исхраната.

Како додаток во исхраната, топло го препорачуваме NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan (Бета – Глукан). NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Бета глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки. За дополнителна поддршка, NOW Бета-Глукан може да се меша со маитаке печурки. Освен за јакнење на имунитетот, NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan се користи и при:

  • висок холестерол
  • дијабетес
  • автоимуни заболувања
  • вирусни, бактериски, паразитски и габични инфекци
  • хроничен замор.
хранливи состојки 2

Селенот се бори против инфекции

Како и витаминот Ц, селенот е природен антиоксиданс кој помага за формирање на клетките на имуниот систем. Значајно ја зголемува одбранбената способност на организмот да се бори со инфекции и други болести. Се смета дека е значаен минерал кој може да помогне при непријатни бактериски инфекции на кожата. Научните истражувања поврзани со КОВИД-19 го препорачуваат селенот како минерал кој може да го зајакне имунитетот и да помогне во превенција од корона вирусот.
Повеќе за оваа тема прочитајте на линкот: Што е корона вирус (КОВИД-19), храна и суплементи за заштитата од грип и корона вируси.

Повеќе за производите на Тримекс може да најдете на нивната онлајн продавница од каде може и да ги нарачате со бесплатна достава, а ги има и во повеќето аптеки низ земјава. За дополнителни информации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: 5 совети за зајакнување на имунитетот во есен.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: