Јодот е минерал во трагови кој игра клучна улога во формирањето на примарниот тироиден хормон, тироксинот. Иако содржината на јод во човечкиот организам е многу мала, неговото значење е огромно.
Најголем дел од јодот (околу 15 мг) се наоѓа во шитната жлезда која има главна улога при регулација на метаболизмот на организмот, додека останатиот дел од јодот се наоѓа во црниот дроб, бубрезите, кожата, влакната и ноктите. Токму затоа, недостатокот на јод води кон сериозни нарушувања во целокупниот организам на човекот, па страда како умствениот така и физичкиот развиток на човекот.
Недостатокот на јод може да предизвика зголемување на тироидната железа, појава на Базедовата болест (појава на гушавост), вродени деформации на фетусот, раѓање на мртво дете, неплодност, абортус, застој во растот и развојот на деца, ментална ретардација, ризик од рак на тироидната жлезда, замор, раздразливост, чувство на слабост во утринските часови.
Количината на јодот во храната варира во зависност од почвата на која храната се одгледува. Препорачаните дневни количини на јод изнесуваат 150mcg/ден.
Топ 10 извори на јод
- Сушени морски алги – 7 грама задоволуваат околу 100% од дневните потреби.
- Бакалар – 85 грама задоволуваат 66% од ДП.
- Јогурт – 1 чаша задоволува 58% од ДП.
- Мисиркини гради – 85 грама задоволуваат 23% од ДП.
- Ситен бел грав – ½ чапа задоволува 21% од ДП.
- Туна – 85 грама задоволуваат 11% од ДП.
- Јајца – 1 големо јајце задоволува 8% од ДП.
- Печени компири – 1 среден компир задоволува 40% од ДП.
- Јагоди – 1 чаша задоволува 8.6% од ДП.
- Брусници – 30 грама задоволуваат 60% од ДП.
Доколку имате дефицит на јод потрудете се да консумирате 2 до 3 порции од горенаведената храна.

Топ здравствени придобивки од јодот
Здравје на тироидната жлезда
Тироидната жлезда не може да функционира без јод кој е есенцијален за производство на тироксинот. Без тироксин телото не е во можност да го регулира метаболизмот, функцијата на срцето, температурата, репродукцијата и развојот. Исто така тоа влијае на тежината, когнитивната функција и расположението.
Здравје на кожата
Недостатокот на јод придонесува за сува кожа и недоволно потење. Потењето е критично за да може телото да се ослободи од токсините и да обезбеди соодветна температура. Недостигот на јод во телото влијае за сува уста и недоволно лачење на плунка.
Ви предлагаме да прочитате: Морски алги – храна богата со минерали која ветува долг живот.