Есенските и зимските денови се пред нас. А сезоната на топлите чаеви, само што започна, па ајде да позборуваме на оваа тема. Многумина мислат дека секој чај е подеднакво добар и лековит, без разлика на тоа како е приготвен. Но, тоа не е така! Експертите за фитотерапија ни ги откриваат најчестите грешки кои многумина ги прават при подготовка на чај.
Грешка број 1: Ставање на лековитите билки во ладна вода и варење неколку минути
Како го приготвувате чајот? Дали вреќичките чај ги ставате во ладна вода, па чекате водата да зоврие, а потоа го варите чајот неколку минути? Можеби тоа сте го научиле од вашите родители, но треба да знаете дека е погрешно. А доколку и вие вака сте правеле чај, немојте веднаш да ги обвините оние кои ви го презентирале овој начин на подготовка. Токму вака чајот го приготвуваат и повеќе наши пријатели, па затоа се одлучивме да ја разработиме оваа тема. Најважно е што човекот учи додека е жив, па затоа секогаш е време да прифаќаме нови, добри навики.

Грешка број 2: Ставање на лековитите билки во врела вода и варење неколку минути
Друг погрешен начин на подготовка на чај е ставање на вреќичките чај во врела вода и варење неколку минути. При овој начин на подготовка, чајот веднаш се процедува и служи. Без разлика која грешка ја правите, приготвениот чај може да биде бескорисен. Затоа, секогаш добро погледнете го упатството на чајот кој сте го купиле. Кај некои чаеви кои се препорачуваат при одредени здравствени проблеми, како што е увиниот чај, треба да се следат насоките на упатството. Но, за оние чаеви кои најчесто се користат во секој дом, како камилица, нане или пак зелен чај, овие две грешки треба да се избегнуваат.
Како правилно се приготвуваат поголемиот дел од чаевите?
Да бидеме искрени и ние не сме ја знаеле тајната за совршената подготовка на чај, со која од чаевите максимално би ги искористиле здравствените придобивки. Но, со секојдневното учење и истражување на храната ја откривме таа мала тајна. Секако за тоа од голема помош ни беа советите на експертите од Витаминка, кои ги консултираме за подготовка на Витеа чаевите.
При подготовката можете да изберете да се напиете чај од нане, камилица и хибискус од Витеа чаевите на Витаминка. Чаевите на Витаминка се добиени од квалитетни и високо ароматични плодови и билки од сончевото македонско поднебје. Ги има во повеќе вкусови, а од природните чаеви може да се освежите со нане, хибискус, камилица, шипки, зелениот чај и брусница. Додека пак, интересните комбинации како што се јаболко и цимет, јагода и ванила и шумско овошје ја сочинуваат гамата на овошни чаеви.

Чекор број 1 – ставете вода да се вари, а потоа оставете ја да се излади 5 минути
Во сад на оган ставете вода да се вари. Штом водата зоврие, садот тргнете го од огнот и оставете го поклопен околу 5 минути. За тоа време, температурата на водата ќе се намали и ќе достигне околу 90 степени Целзиусови.
Чекор број 2 – во топлата вода додајте ја вреќичката со чај и почекајте неколку минути
Во топлата вода додајте ја вреќичката чај, садот поклопете го со капак и оставете да стои одредено време (најчесто 3-5 минути), како што е наведено на пакувањето на чајот.
Чекор број 3 – млакиот чај засладете го со мед и лимон по желба
Ако чајот не можете да го пиете незасладен, може да го засладите со мед и да додадете свежо цел сок од лимон. Но, внимавајте! Медот и лимонот се додаваат во млак чај, затоа што се термолабилни, па на висока температура губат голем дел од корисните својства.
Ако на овој начин направите чај од камилица, тогаш ќе можете максимално да ги искористите придобивките кои ги нуди – намалување на болките и грчевите во желудникот и цревата, смирување на нервниот систем, намалување на симптомите при реума итн… Но, ако го варите чајот неколку минути, ќе ги изгубите лековитите својства. Затоа е важна правилната подготовка и малите кујнски трикови. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Ви предлагаме да прочитате: Напиток од зелен чај за ослободување од токсините во организмот.
*Комерцијален текст