Кои се најчестите проблеми кои се јавуваат кај машината за садови? Дали ви се случило храната да остане на чиниите или пак чашите да бидат матни? Тоа се едни од непријатните ситуации со кои се соочуваат многумина, но за среќа постои решение. Со примена на овие едноставни трикови ќе ја олесните работата во кујната, а чиниите секогаш ќе ви бидат совршено чисти.
Нечисти садови после миењето
Ако ви се случило садовите да не бидат добро измиени и на нив има остатоци од залепена храна, тоа укажува дека во машината сте ставиле премногу садови. За време на редењето на чиниите, чашите, како и другите садови кои може да се мијат во машината, треба да имате во предвид дека меѓу нив мора да има доволно растојание. Тоа е важно за да може површината на садовите добро да се измие со млазовите врела вода.
Пред редењето на садовите во машината потребно е да ги отстраните остатоците од храната. Едноставно кратко ставете ги чиниите под чешма за да се отстранат грубите нечистотии.
Може да ве интересира: Што сѐ може да измиете во машината за садови?
Правилно распоредете ги садовите во машината
Исто така, треба да водите сметка и за распоредот на садовите. Тешките садови, како тенџериња и тави треба да ги ставите во долниот дел на машината за садови. Даските за сечкање на храната и сите плоснати садови ставете ги на страничниот долниот дел од машината.
Чиниите може да ги наредете во долниот дел, а притоа треба да внимавате да не се допираат меѓу себе. Притоа наредете ги кон внатрешноста на машината.
Немојте да ги редите чашите едни врз други
Чашите и останатите кршливи садови не смеете да ги поставите едни врз други. Како резултат на вибрациите може да се искршат доколку се поставени неправилно. Големите ножеви практикувајте да ги миете рачно, затоа што може да затупат за побрзо време.
Чашите се матни по миењето?
Меѓи другите проблеми кои може да се јават со машината за садови се матните чаши. Тоа најчесто укажува на недостаток на сјај или сол, за што треба да водите сметка. Проблемот со матните чаши и другиот прибор може да го решите со помош на јаболков оцет. Доколку ни јаболковиот оцет не ви помогне за да се врати сјајот на чиниите, тоа укажува дека е настанато оштетување. Па доколку имате стаклени садови кои сакате да ги користите подолго време ве советуваме да не ги миете во машината за садови, за да не дојде до оштетување за време на миењето.
Редовно одржувајте ја машината за садови
Машината за садови треба редовно да се одржува, односно чисти за да не дојде до појава на непријатни мириси.
Ви предлагаме да прочитате: Што не смее да миете во машината за садови?