Витамин Б12

Недостатокот на витамин Б12 е штетен и може да доведе до анемија. Кои лица се под ризик? – Совети од Д-р Нела Деспотовска

Дали знаеш дека 20% од лицата над 60 години имаат недостаток на витамин Б12? Анемија, трнење во рацете и нозете, отежнат од, главоболки, замор… се само дел од симптомите кои се јавуваат при недостаток на витамин Б12. Голем број на лица кои имаат различни состојби се по ризик. 

Дали си еден од нив? – Продолжи со читање и дознај повеќе на оваа тема од нашиот разговор со Д-р Нела Деспотовска. 

витамин Б12

Зошто е важен витаминот Б12?

Витаминот Б-12 (кобаламин) е витамин растворлив во вода кој е присутен во секоја клетка и игра важна улога во голем број биолошки процеси. Има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин и формирањето на црвените крвни зрнца. Вклучен е во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело, а особено влијае на ДНК синтезата, метаболизмот на масните киселини и хомоцистеинот. Како и повеќето витамини, витаминот Б12 не може да се синтетизира во организмот. Затоа мора да се внесува преку храната и суплементи. 

Зошто се јавува недостаток на витаминот Б12?

Причините се различни. Некои луѓе не консумираат доволно намирници кои се богати со Б12, додека други имаат проблем со апсорпцијата без разлика колку го внесуваат. Како резултат на ова, недостатокот на витамин Б12 е релативно чест, особено кај старите луѓе.

Кои симптоми укажуваат на недостаток на Б12?

Ниското ниво на витамин Б12 доведува до појава на следните симптоми: 

  • трнење во рацете и нозете
  • тешкотии при одење
  • конфузија и губење на меморијата
  • депресија и раздразливост
  • проблеми со мирис, вкус или вид
  • срцеви палпитации
  • замор
  • главоболки
  • бледа кожа
  • губење на тежина
  • глоситис (болен, мазен и црвен јазик).

Важно е да се напомене дека ниското ниво мора да се третира со цел да се избегне појава на анемија. Недостатокот на витамин Б12 доведува до појава на мегалобласна анемија. 

витамин Б12

Кои лица се под ризик? За кого се препорачува суплементација со витамин Б12?

Препорачуваме дополнителна суплементација со природната форма – Methyl B-12 кај:

  • Вегетаријанци и вегани
  • Луѓе постари од 60 години
  • Жени со историја на неплодност и спонтани абортуси
  • Луѓе кои редовно земаат средства против желудочни киселини
  • Луѓе кои примаат лекарства за дијабетес, како метформин
  • Луѓе со кронова болест, улцеративен колитис, целијакиа или синдром на нервозни црева.

Наша препорака за витамин Б12

Кога станува збор за суплементи, важно е да избереме од проверени брендови, па ви го препорачуваме NOW ® Methyl B-12. Methyl B-12 е природна форма на овој витамин, полесно се апсорбира и има поголема биоактивност во споредба со синтетичките форми кои почесто се продаваат низ аптеките. Хранливите извори се речиси исклучиво од животинско потекло (месо и млечни производи), а NOW ® Methyl B-12 е вегетаријански/веган производ (не е од животинско потекло), што може да биде особено важно за строгите вегетаријанци, каде недостатокот на овој витамин е најголем.

Повеќе информации за NOW ® Methyl B-12 прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Зошто е важен витаминот Б12?

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: