Не фрлајте ја кората од лимоните и бананите, еве како може да ја искористите 1

Не фрлајте ја кората од лимоните и бананите, еве како може да ја искористите

Лимонот и бананата се здрави и вкусни овошја, па нутриционистите препорачуваат да се често застапени во нашата исхрана. Обично е најдобро да ги консумираме во свежа состојба, но со нивна помош може да направиме и разни други нешта. На пример, дали сте знаеле дека може да ја искористите и кората од лимоните и бананите? Еве на кои начини!

Намалете ги брчките

Брчките можете да ги намалите така што ќе нанесете врз кожата од внатрешната страна на кората од бананата. Оставете ја да стои 10-тина минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.

Нега за растенијата

Кората од бананата е одличен материјал за компост. Содржи доста хранливи состојки и ќе ја збогати земјата, па и вашите растенија ќе бидат поздрави и поубави. Можете да ја ставите директно или да ја оставите да се исуши, па да ја измелите и да ја додадете во земјата.

Не фрлајте ја кората од лимоните и бананите, еве како може да ја искористите 2

Смирувачко дејство врз иритираната кожа

Ако кожата ви е иритирана, независно дали тоа е поради инсект или имате некаков осип, нанесете од внатрешната страна на кората од бананата, најмалку два пати дневно.

Пилинг за тело од лимон и шеќер

Исечкајте ја ситно лимоновата кора (или изрендајте ја) и во неа додајте 1/2 шолја шеќер и маслиново масло, во количина која е доволна за да се формира паста. Кожата навлажнете ја со вода и измасирајте го телото со смесата, па истуширајте се. Наместо шеќер можете да ставите кафе, а со тоа ќе добиете антицелулитна паста.

Средство за белеење на ноктите

Исцедете половина лимон, а потоа со кората од исцедената половина истријте ги ноктите. За третманот употребете ја внатрешната страна на кората од лимонот, а ноктите ќе ви бидат бели и сјајни.

Освежувач за гардероба

Ставете ја исуштената кора од лимон во платнена ќеса и држете ја во фиока во регалот. Можете да додадете цимет, мускантно оревче и кардамон.

Ви препорачуваме да прочитате: Кора од лимон – 13 нејзини употреби.

Сподели: