После обилната празнична храна, секогаш е добредојдена детокс програма за организмот. Ако ви е тешко да примените целосно детоксирање и исклучиво да внесувате само свежи намирници кои се богати со вода, растителни влакна, витамини и минерали, ви предлагаме алтернатива. Пробајте го новиот ноќен зелен детокс напиток кој го откривме деновиве, а помага за побрз метаболизам и слабеење.
Ова не значи дека во текот на денот треба да ја изедете секоја храна што ќе се појави пред вашите очи. Напротив, секој од нас треба да е свесен дека на организмот му е потребно време да се исчисти од токсините и да се врати во природна рамнотежа. Овој зелен детокс напиток има токму таква цел, да му помогне на организмот полесно да ја достигне својата баланс состојба. А покрај тоа, со избор на храна која не го оптеретува и му дава енергија, како и со редовни прошетки или вежбање, резултатите ќе ги видите за пократко време.
Кои се придобивките од консумирање на овој детокс напиток?
Зелениот деток напиток го поттикнува метаболизмот, отстранувањето на токсините и помага за топење на стомачните наслаги. Ова е посебно важно за спречување на болестите поврзани со висцералните масти, како што се срцевите болести, високиот крвен притисок и зголемениот ризик од дијабетес. Отстранувањето на токсините од црниот дроб пак, го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот. Па, еве како се прави напитокот.
Состојки:
- свежо цеден сок од половина лимон или половина лимон без кора
- 1 краставица
- 1 лажица рендан ѓумбир
- 10-тина гранчиња магдонос
- 1/3 чаша вода.
Подготовка и начин на употреба:
- Магдоносот измијте го, ѓумбирот изрендајте го, а лимонот по желба искористете го во вид на парчиња без кора или како свежо цеден сок. Ставете ги состојките во чашката на блендерот.
- Краставицата измијте ја и по желба излупете ја. Насечете ја на парчиња и ставете ја во чашката на блендерот со останатите состојки.
- Додајте ја водата и блендирајте додека се соединат состојките. Напитокот пијте го секоја вечер пред спиење, во период од најмалку 2 недели.
Ви препорачуваме да прочитате: Напиток за побрз метаболизам и детоксикација.