Лесно, брзо и здраво! Идеално за лесен ручек или вечера. Направете си што побрзо многу вкусен прокељ со домашен прелив. Ако пробате ќе знаете дека откривте нешто ново и неодоливо кое мора да се сподели со пријателите!
Така го откривме и ние овој фантастичен рецепт. Во една прилика, нашата драга пријателка Биле го напиша во коментар на нашата страница, а нам веднаш ни го привлече вниманието. Рецептов е полн погодок, моравме да го пробаме, па го фотографиравме и еве сме, го споделуваме со многу радост со сите вас!
Состојки:
- 400-500 грама прокељ
За прелив:
- 1 лажица мед
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица јаболкова киселина
- 2 лажици сенф
- прстофат црн пипер
- прстофат буковска пипер по вкус.
Подготовка:
- Во сад на оган, ставете поголема количина на вода и оставете ја да зоврие.
- Откако водата ќе зоврие, додајте го претходно измиениот и на половина пресечениот прокељ и оставете го во водата која врие за време од 8-10 минути за да се обари.
- По тоа време, извадете го од садот и ставете го во сад со ладна вода, да постои 1-2 минути, па исцедете го од течноста.
- Во меѓувреме, припремете го преливот. Во сад измешајте ги медот, маслиновото масло, јаболковата киселина, сенфот, црниот пипер и буковската пипер. Откако добро се соединат состојките, преливот е готов.
- На крај, сервирајте го прокељот во поголема чинија, а сосот ставете го врз него или во соодветен сад како во примерот на фотографијата. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Печен прокељ во рерна.