Кинезите знаеле за овесот дури и пред илјадници години, а го користеле и старите Римјани уште во античките времиња. Тие уште од тогаш знаеле што е добро, а мора да признаеме и ние исто. Па, истражувавме и откривме многу причини зошто да си набавите овес во зрно и да го вметнете во секојдневната исхрана.
Како проверен бренд од кој набавуваме квалитетен овес во зрно, го препорачуваме Natura. Пробајте го и вие, одличен е за разни јадења.

Овесот во зрно содржи богатство од нутритивни материи
Натура овесот во цело зрно е многу богат со протеини, масти и растителни влакна.
Содржи голема количина на минерали и витамини од групата Б. Некои од нив се: калциум, железо, јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин.
Во превод на јазикот на секојдневниот живот ова значи дека овесот во зрно треба да се користи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува здравјето на организмот и ги зајакнува неговите природни одбранбени механизми.
Каква е здравствената корист од овесот во зрно?
Натура овесот во зрно помага во јакнење на крвта, ги јакне забите и коските, ја поттикнува работата на мозокот, го поттикнува растот и развојот кај децата, и ја зајакнува мускулната маса кај возрасните.
Затоа, барем еднаш неделно имајте ја оваа житарка во вашето мени!
3 предлог рецепти како може да подготвите овес во зрно:
- Појадувајте варен овес во зрно измешан со мед и сечкани ореви. Превкусно е!
- Направете си лесен здрав ручек. Сварете Натура овес во зрно и измешајте го со сечкан сезонски зеленчук. Зачинете со маслиново масло и сол и црн пипер, а за најдобар ефект додадете од природниот Натура зачин.
- Направете си брз оброк десерт. Сварете го овес во зрна од Натура и измешајте го со една банана која претходно сте ја згмечиле. Додајте малку сечкани ореви, половина лажиче какао, половина лажиче сусам и едно лажиче мед. Декорирајте со диетално чоколадо и уживајте во оброкот.
Совет плус: Овесот во зрно е потребно да се вари околу 1 час, а детално упатство имате на пакувањето.
*Комерцијален текст
Ви препорачуваме да прочитате: Посни зајачиња со 5 здрави семиња.