Толку се вкусни, што веднаш мора да ги направиш! Фантазија од вкусови за среќни празници. Најдобро од сѐ е тоа што се прават без миксер и за 10-тина минути ќе имаш совршен десерт. Мој предлог за овие празници се брзите велигденски мафини со чоколадо.
Моите пријатели од Витаминка, ме изненадија и ми испратија велигденско пакетче со нивната слатка палета – весели јајца, новите Happy чоколада, шлаг пена, ванилин шеќер, печиво… и ме предизвикаа да зготвам нешто вкусно. Веселите јајца и Happy темното чоколадо ги искористив за овие мафини кои ја имаат оцената 10+.

Состојки:
- 2 ½ чаши просеано брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 5 г сода бикарбона
- 80 г Happy темно чоколадо
- 120 г путер, стопен и изладен
- ¾ до 1 чаша шеќер
- 2 големи јајца
- 1 чаша млеко.
За декорација:
- 2 ќесички шлаг пена
- 200 мл ладно млеко
- 20 г Happy чоколадо по избор (млечно или темно)
- 120 г весели јајца
- манчмелоу, чоколадни шеќерни трошки, кокос, фондан.

Подготовка:
- Темното чоколадо исечајте го.
- Во длабок сад ставете ги брашно, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и содата. Измешајте ги со жица за матење. Додајте го сечканото чоколадо и измешајте.
- Во друг длабок сад ставете го растопениот путер, шеќерот, јајцата и млекото. Измешајте ги со жица за матење.
- Во садот со брашното, постепено додавајте ја смесата со млекото. Измешајте за да се соединат состојките.
- Во калап за мафини ставете хартиени или силиконски кошнички. Ставете ја смесата.
- Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 5 минути, а потоа намалете ја температурата и продолжете со печењето уште 12-15 минути. Мафините оставете ги да се изладат.
- Во сад за матење ставете ја шлаг пената и додајте го млекото. Изматете со миксер за време од 3-4 минути. Со готварски шприц формирајте гнезда. Ставете по 3 весели јајца и декорајте со рендано чоколадо. А може да направите и зајачиња. Врз мафините ставете шлаг пена, а потоа кокос. Манчмелоуто исечете го на половина за да добиете форма на уши за зајачето. Поставете ги „ушите“, очи, од фондан исечете круг за носето и поставете го, а чоколадни шеќерни трошки искористете како мустаќи. Постапката за декорација, погледни ја на видеото: https://www.instagram.com/p/CrBTwYVA03B/ Среќни празници!

Совети плус:
- Наведената количина е за 12 мафини.
- Јас ги направив со 3/4 чаши шеќер, а ако сте љубител на поблаги вкусови, ставете 1 чаша шеќер.
- Ако имаш прашања за подготовката или ти требаат идеи за велигденски рецепти, посети ги моите профили на Instagram – @kocovska.marija и Facebook – Марија Кочовска, пиши ми и заследи ме.
- А за крај те предизвикувам за да освоиш подарок! Направи го твојот омилен десерт со слатката палета на производи од Витаминка и учествувај за пакет производи. Може да учествуваш тука:

За велигденските празници ти препорачувам да ги испробаш и следните рецепти:
*Рецептот е овозможен од Витаминка.