„Јаболко, цимет и банана – популарна есенска комбинација која го зајакнува имунитетот и ќе ви даде енергија за цел ден! Предизвикот за подготовка на оброк кој го зајакнува имунитетот ми го дадоа списанието Убавина и здравје, па овој супер здрав рецепт може да го најдете и во ноемврискиот број. Есенското смути со јаболко и цимет е хранливо, богато со растителни влакна, витамини и минерали и се препорчува за вегани, лица кои практикуваат исхрана без шеќер и без глутен, како и за време на пости.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на нашиот сајт.
Брзо се прави, потребни се неколку состојки кои ги имате во кујната, а вкусот е фантастичен! Направете го веднаш!

Состојки:
- 1 јаболко
- 1 банана
- ¼ чаша овесни снегулки
- 2 урми или 1 лажица сируп од урми
- ½ мала лажчка екстракт од ванила
- ½ мала лажичка цимет
- ⅓ чаша вода, овесно или растително млеко по избор.
За декорација:
- сечкано јаболко
- мусли
- кокос
- бадеми.
Подготовка:
- Банана исечкајте ја на кругови и ставете ја во замрзнувачот за време од 2 до 3 часа.
- Јаболко излупете го и исечкајте го. Ако сакате да добиете погусто смути, замрзнете ги парчињата јаболко.
- Во блендер ставете ги сите состојки и миксирајте додека добиете хомогена смеса.
- Смутито ставете го во чинија и декорирајте со парчиња јаболко, мусли, кокос и бадеми. На здравје!

Препорака од авторот:
Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ти се допадна овој рецепт? Погледни ги и брзите и здрави мафини со јаболка и цимет – без глутен, шеќер и млеко од кујната на Марија.