Летото ни носи топли и сончеви денови кои се идеални за ладни и освежителни пијалоци! Замислете си само, пријатна атмосфера, дружба со вашите најблиски пријатели и чаша одлично подготвен освежителен коктел со праски. Звучи одлично, нели? А ако сакате да ги послужите и најмалите во семејството, коктелот направете го без алкохол. Сигурни сме дека ќе го обожаваат.
Коктел е алкохолен пијалак составен од мешавина на разни пијалаци. Содржи три или повеќе состојки од кои барем една е алкохолен пијалак, втората е сладок и третата е кисел/горчлив пијалак. Дополнителни состојки можат да бидат шеќер, мед, млеко или слатка павлака. А наш предлог за одлична забава е неодоливата комбинација на праски, лимон и водка. Набави ги потребните состојки, собери го друштвото и уживајте!
Може да ве интересира и: Маргарита – најпознатиот коктел од текила.

Состојки:
- 4 чаши вода
- 4-5 праски
- 3/4 чаша шеќер
- 2 чаши мраз
- 1 чаша сок од лимон (4-5 лимони)
- 150 мл водка.
Подготовка:
- Во сад за варење ставете ги праските исечкани на коцки. Ставете шеќер и прелијте ги со вода. Садот ставете го на оган да зоврие и варете неколку минути за праските да омекнат.
- Потоа, процедете ја течноста во посебен сад и оставете ја во фрижидер да се излади.
- Во изладената течност додајте ги водката, лимоновиот сок и мразот.
- Сервирајте во чаши по избор, декорирајте и послужете. На здравје!
Совет плус:
- По желба, во коктелот додајте и парчиња праска или лимон.
Ви препорачуваме да прочитате: Космополитен коктел.