Одржување рамнотежа во исхраната за организмот е најкорисно на краток, но и на долг рок, а на оваа тема совети споделува нутриционистката Симона Коруновска во соработка со dm.
Храната е исклучително важен дел од нашиот живот и, како таква, таа има особено влијание врз здравствената и емотивната состојба на секоја индивидуа. Баланс, односно рамнотежа, е сè што ни треба кога станува збор за исхраната. Тоа подразбира консумирање балансиран оброк, односно таков што вклучува доволно количество од сите три групи макронутриенти: јаглехидрати, протеини, масти. Притоа, треба секогаш да се внимава да не се изостават и витамините и минералите.
Прочитајте неколку корисни совети што Симона Коруновска ги сподели со нас:
- Половина од оброкот секогаш треба да биде свежо сезонско овошје или зеленчук – колку пошарено, толку понутритивно.
- Четвртина од оброкот треба да бидат јаглехидрати кои се извор на енергија за правилно функционирање на телото. Тука се вбројуваат интегралните житарки како овес, киноа, хељда, просо, јачмен и ‘рж.
- Не треба да се заборават протеините како последна четвртина, бидејќи секоја клетка во нашето тело содржи протеин. Тука спаѓаат риба, месо од живина, грчки јогурт, мешунки, јајца, јаткасти плодови, тофу, наут и слично.
Повеќе за оваа тема може да погледнете во видеото: Зошто е важна балансираната исхрана? – YouTube
Одлуката за почеток е најтешка, но кога сме веќе кај здравиот начин на живот и балансираната исхрана најважно од сè е да бидеме конзистентни и да не се откажуваме! А од каде да почнеме? За почетокот одлучуваме самите, најдобро е тоа да биде активност што ја сакаме – вежбање, готвење или нешто друго што ќе биде поттик кон здравите навики.
Постои непишано правило дека само 61 ден е потребен за да се стекне здрава навика. Потоа телото се навикнува и почнува да го практикува планот. Разликата ќе почне да се чувствува брзо, а првите симптоми дека одиме чекор напред се гледаат по енергијата што ќе ја имаме, расположението, како и по кожата која станува посјајна.
Не жалете што не сте почнале порано со здравите навики, дознајте повеќе tips&tricks како да не се откажете од здравата и блансирана исхрана тука:
Како да не се откажете од правилната исхрана? – YouTube
