дамки сол на чизми

Отстранете ги непосакуваните дамки од сол на чизмите

Си купивте нови чизми, но зимската сезона која со себе носи многу вода, кал, сув студ и снег веќе ги остави првите траги врз нив? Ослободете се непосакуваните дамки од сол на чизмите на лесен е едноставен начин. Уште по првиот третман, зимските обувки ќе го вратат првобитниот сјај.

Зимата долго трае, а вие треба да продолжите со вашите нормални активности, да одите на работа, на шопинг или на релаксирачко кафе со пријателите. Тоа не е никаков проблем, доколку на улиците не би имало големи количини на сол која што го уништува сјајот на чизмите. Но, не грижете се бидејќи ние ви издвојуваме еден одличен совет како да ги спасите вашите чизми. Оцетот го разградува она што е наталожено на чизмите и воедно не ја оштетува кожата. Откако ќе ги исчистите само поминете ги со обична влажна крпа.

сол на чизмите

Потребно ви е:

  • Вода
  • Киселина
  • Хартија за раце
  • Четка.

Подготовка:

  1. Измешајте половина чаша киселина со половина чаша млака вода.
  2. Хартијата натопете ја во мешавината, па пополека нанесувајте и тапкајте врз дамките на вашите чизми.
  3. Со четката, нежно поминете околу нив и оставете ги да се сушат.

Овој трик е доста ефикасен за кожни и чизми од превртена кожа.

Совет плус: Не заборавајте да нанесете малку крем за да го добијат првобитниот сјај на кожата.

Ви предлагаме да прочитате: Природна паста за чистење на бели патики.

Сподели: