Сигурни сме дека и вие имате многу пластични садови кои мирисаат непријатно, а миризбата не може лесно да ја отстраните. Затоа ви нудиме неколку едноставни совети, со кои темелно ќе ги исчистите пластичните садови за чување на храна.
Нема потреба да користите хемиски средства, а следните трикови со помош на едноставни состојки кои ги имате во вашата кујна ќе ви помогнат да ги исчистите и освежите пластични садови, со што повторно ќе може да ги користите за чување на храна.
Лимонот темелно ги чисти пластичните садови и го неутрализира непријатниот мирис
За да ги исчистите пластичните садови и да го отстраните непријатниот мирис потребен ви е само 1 лимон. Лимонот исцедете го, а со сокот добро измијте го садот. Исто така, можете со кришка лимон да го добро да го истриете пластичниот сад.

Сода бикарбона за чисти садови без мирис
Содата бикарбона наоѓа голема примена како природно средство за чистење на многу предмети во домаќинството. Со неа може да ја исчистите даската за сечкање на храна, дрвените лажици, рерната, како и пластичните садови. Земете малку сода бикарбона, ставете ја во мал длабок сад и додајте вода. Измешајте убави и со добиената паста премачкајте го садот. Оставете пастата да делува неколку денови, а потоа добро измијте го садот. По потреба, постапката повторете ја додека мирисот не исчезни.
Кафе за свеж мирис на пластичните садови
Ако немате лимон при рака, сигурни сме дека ви се наоѓа кафе. Земете неколку зрна кафе и ставете ги во садот и добро затворете го. Оставете го кафето во пластичниот сад додека ги прими непријатните мириси.
Направете паста од брашно и вода
Во мал сад ставете брашно, вода и добро измешајте за да се добие паста. Пастата нанесете ја на врз пластичните садови и оставете ја да ги прими непријатните мириси преку ноќ. Потоа, пластичните садови измијте ги како и вообичаено.
Како вие го решавате овој проблем? Со што ги чистите пластичните садови?
Прочитајте и Како да го отстраните непријатниот мирис од мијалник.