печена зелка со зачини

Печена зелка со зачини

Брзо, лесно и многу вкусно! Дали досега сте пробале печена зелка со зачини? Подготовката е повеќе од едноставна, а за кратко време ќе имате совршен прилог или пак главен оброк.

Ние го пробавме овој рецепт, така што наместо свеж лук ставивме лук во прав. А бидејќи обожаваме печен зеленчук, овој рецепт е прав избор за вегетаријанци, вегани, лица кои постат или се на нискокалорични диети.  Зелката е многу здрав зеленчук, па повеќе за нејзините придобивки и важноста за побрз метаболизам, прочитајте на линков. Доаѓа лето, бидете во фит форма!

печена зелка со зачини

Состојки:

  • 1 зелка со средна големина
  • 1 ½ лажица маслиново масло
  • 2-3 ситно сечкани чешниња лук или лук во прав по желба
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • ситно сечкан свеж магдонос.

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 200 степени.
  2. Зелката пресечете ја на неколку кругови со дебелина од 1 до 2 см. Доколку ги исечете со помала дебелина, за побрзо време ќе се испечат.
  3. Во тава обложена со хартија за печење ставете ги парчињата зелка.
  4. Врз двете страни ставете од лукот, а потоа премачкајте со маслиново масло. Наросете сол и црн пипер.
  5. Печете за време од 20 до 30 минути (во зависност од дебелината на парчињата), потоа превртете ги парчињата и печете ги дополнителни 20 до 30 минути.
  6. Топлата печена зелка зачинете ја со ситно сечкан свеж магдонос и послужете ја веднаш во комбинација со сос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Вегетаријански плескавици од зелка и блитва.

Сподели: