печени пилешки крилца

Печени пилешки копанчиња од крилца со пикантен Бафало сос

Сите обожаваат пилешки крилца, особено ако се крцкави и печени! Па, доколку и вие не може да им одолеете, пробајте го овој рецепт за печени пилешки крилца со пикантен Бафало сос и препуштете му се на уживањето.

Подготвени на овој начин, пилешките крилца содржат помалку калории, а сепак се подеднакво вкусни и крцкави како и пржените. Може да ги сервирате со тартар сос или салата по ваша желба. Одлично одговараат со чаша пиво додека ја гледате омилената серија или спортски натпревар.

печени пилешки крилца

Состојки:

  • 1 кг пилешки крилца (пилешки копан од крилца)
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка црн пипер
  • ½ лажичка лук во прав
  • ½ лажичка кромид во прав
  • ½ чаша чили сос
  • 4 лажици растопен путер
  • 1 лажица мед
  • сусам по потреба.

Подготовка:

  1. Ставете ги пилешките крилца во длабок сад и добро зачинете ги со сол, црн пипер, лук и кромид во прав. Рамномерно посипете ги со прашок за печиво.
  2. Плехот обложете го со хартија за печење и врз него ставете нелеплива решетка.
  3. Врз решетката наредете ги пилешките крилца и печете ги во еден слој во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути или додека добијат златна и крцкава кора.
  4. Во помал сад измешајте ги чили сосот, путерот и медот.
  5. Со вака подготвениот сос прелијте ги пилешките крилца, посипете ги со сусам и печете ги дополнителни 3 до 5 минути.
  6. Печените пилешки крилца сервирајте ги додека се топли со листови зелена салата, чери домати и гранче рузмарин. На здравје!

Совети плус:

Доколку имате екстра време и сакате да уживате заедно со семејството, пилешките крилца припремете ги со наведените состојки, но наместо да ги печете во рерна можете да ги приготвите на скара на жар. Ќе бидат исто сочни, но ќе бидат многу повкусни. Со истиот начин на подготовка може да испечете копани и пилешки стек. Исечете го пилешкото месо на ленти, зачинете, испечете и уживајте.

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкав помфрит подготвен во рерна.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: