Печен ананас со мед и цимет 1

Печен ананас со мед и цимет

Кога сте расположени за некоја поздрава варијанта, а сакате да припремите десерт, имамe супер лесен и здрав рецепт за печен ананас со мед и цимет. Одличен е за секаква прилика и во секое време. Овошен, освежителен, полн со витамини, а по желба може да додадете и некое јаткасто овошје. Така уживањето ќе стане уште подобро!

Со редовна консумација на ананас може да се искористат неговите лековити својства кои се многубројни. Ананасот го забрзува метаболизмот и за кратко време може да ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми. Покрај тоа, тој е богат со антиоксиданси и има антиканцерогено дејство. Има одличен вкус и многу придобивки за организмот, препорачуваме да прочитате повеќе за тоа.

Печен ананас со мед и цимет 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Ананасот излупете го од горната тврда кора и остранете го тврдиот дел од средината.
  2. Исечете 4 парчина со дебелина од околу 1,5 см и ставете ги во загреана грил тава да се печат.
  3. Печете ги на среден оган околу 10 минути и вртете ги 2-3 пати при печењето.
  4. Кога се готови ставете ги во 4 чинии за послужување.
  5. Врз секое парче ананас посипете 1/2 лажиче од шеќерот, 1 лажиче мед и на крај 1/4 лажиче цимет.
  6. Послужете ги топли.Тоа е сѐ, на здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Егзотична салата со пилешко месо, ананас и пченка.

Сподели: