Печен помфрит од компири и тиквички

Печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин

Лесно полесно здравје, а брзо и вкусно! Печен помфрит од компири и тиквички, топ мезе плус сос за совршена комбинација! – вели Катерина за рецептот со кој се вклучи во неодамнешниот кулинарски предизвик, во организација на sezahrana.mk и Витаминка

Нејзиниот рецепт ни се допадна многу, затоа што е баш едноставен и го споделуваме со сите вас како брза лесна идеја за мезе.

Печен помфрит од компири и тиквички 2

Состојки:

За помфрит:

За сос:

Подготовка:

  1. Компирите и тиквичките измијте ги и излупете ги, па исечкајте ги на парчиња со слична големина и ширина. За од тиквичката да добиете парчиња кои личат на помфрит, најлесно е ако прво ја пресечете на 3 парчиња по нејзината должина, а потоа од секое од нив извадете кришки слични на оние кои се добиваат при сечењето на компирите. Исечете ги сите по должина и ќе имате слични парчиња. Ова е важно заради печењето, бидејќи одат во иста тава/плех и треба подеднакво да се зготват и двата зеленчуци за истото време.
  2. Рерната загрејте ја на 250 степени. Во меѓувреме, на хартија ставете ги парчињата во плехот, на едната половина компирите, а на другата тиквичката.
  3. Потурете Брилијант масло одозгора и зачинете со зачинот за помфрит. По желба додајте и малку од мешавината од зачини со сол. Измешајте.
  4. Печете 30 до 40 минути или додека помфритот добие убава боја.
  5. Сосот се подготвува претерано лесно. Измијте го и исечкајте го магдоносот. За најдобар ефект, пред да го сечкате, исушете го со кујнска хартија.
  6. Во сад ставете го магдоносот и останатите состојки за сосот. Зачинете по вкус со предложените зачини во листата и измешајте. Декорирајте со малку црн бибер одозгора, сервирајте и на здравје. Уживајте во светот на вкусовите!
Печен помфрит од компири и тиквички 3

Препорака од авторот:

„Од мене може да очекувате супер вкусни рецепти со едноставна и често пати брза подготовка. Обожавам да смислувам и креирам нови вкусови во кујната и да ги пренесувам преку фотографии кои „раскажуваат“. А сега да се навратам на рецептот за печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин за кој инспирација ми беше зачинот за помфрит. Со насмевка за готвењето би рекла #cookingismytherapy. И покрај бројните обврски околу бебето, готвам секојдневно, па решив да се приклучам кон кулинарскиот предизвик на sezahrana.mk и Витаминка да ви,,сликнам” како вкусно замезивме. Ви препорачувам да пробате во првата погодна прилика.  

Шала на страна, баш може да ви се најде како брзо мезе за неочекувани гости или пак ако сте мошне зафатени и ангажирани како и јас, грижејќи се за детето и домот, и ускладувањето на сите обврски со желбата за работа. Малку е тешко, но возможно е кога се има желба и љубов. 

Помфритот од тиквички беше она што ги освои моите гости, па ако го направите и сакате да ве споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми порака. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина. 

Автор на рецепт и фото: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи мафини со чоколадни трошки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: