пилешко месо здрава храна

Пилешко месо – извор на квалитетни протеини

Пилешкото месо во светот е доста популарна намирница благодарејќи на прекрасниот вкус, на нутритивната вредност и можноста да се припреми на различни начини. Покрај тоа, вкусното пилешко месо е поекономично според другите видови меса, има поволна цена и висок квалитет.

Постојат записи дека ова месо им било познато на старите Вавилонци. Може да се сервира на разни начини – варено, пржено, печено, печено на жар, поширано, динстано, подготвено во микробранова печка, а се сложува скоро со сите ароми и зачини.

пилешко месо

Хранлива вредност на пилешкото месо

Пилешкото месо лесно се дигестира во организмот, има висока биолошка вредност и диететска намена. Ова месо содржи протеини во оптимални количини, половина од дневните потреби на организмот. Кога се споменуват маснотиите тоа воглавно се однесува на мононезаститените и во ниска количина заситените маснотии, кои не влијаат значително на покачување на холестеролот во крвта.

Истражувањата покажуваат дека постарата популација внесува помали количини на протеини во споредба со препорачаните вредности, па се препорачува почеста консумација на пилешко месо, како поевтин и лесно достапен извор.  Нормалната застапеност на протеини во исхраната може значително да влијае на подобрување на здраствена состојба кај постарите лица и да им помогне во намалувањето на маснотиите во организмот. Но, еве што друго треба да знаете за пилешкото месо:

  • Во споредба со останатите видови на месо, енергетската вредност на пилешкото месо е помала и просечно изнесува околу 215 калории на 100 грама оброк.
  • Пилешкото месо е одличен извор на следните витамини и минерали: Б1, Б2, Б6, Б12, пантотенска киселина, фосфор, цинк, селен, железо и магнезиум.
  • Многу е значаен начинот на подготовка во однос на здравствените придобивки, имено доколку се вари, пече или се подготвува на пареа, а се отстрани кожата се смета за едно најздравите меса, но доколку се пржи ги губи квалитетните својства.

Ви предлагаме да прочитате: Пилешко месо во сос од печурки и вино.

Сподели: