Еве како секогаш да умеете да направите вкусно пире од компири со совршена текстура! Ќе заборавите на грутчињата, гумената текстура, премногу густо, премногу водено… Затоа што има една тајна состојка која секогаш ќе ви биде од помош.
Сара Фостер, која е експерт за кулинарство, тврди дека пашканатот му дава на пирето од компир фина текстура и единствен вкус. Најпрво излупете го, односно отстранете го површинскиот дел, слично кај кај морков, па сварете го заедно со компирите.
Исто така, оваа позната готвачка, советува дека наместо пашканат, можете да додадете сладок компир или репка, а ефектот ќе биде сличен. Оние кои се гурмани, може да испробаат и мешавина од сите нив, воопшто нема да е погрешно!

Уште неколку дополнителни совети за пире од компири со совршена текстура
Сара вели дека не е сеедно како се сече компирот. Треба да го исечите на поголеми парчиња, за да не впие многу вода за време на варењето, бидејќи така нема да го апсорбира млекото или путерот правилно.
Дполнително, компирите ставајте ги да се варат во ладна вода која полека ќе се загрева. Варењето треба да биде на умерен оган и во поклопен сад. Сварените компири, никако не ги оставајте во водата, туку веднаш исцедете ги и оставете ги така 3-5 минути, па направете го пирето.
Ако посакувате пенесто пире, искористете рачен миксер за подготовката. На тој начин ќе постигнете компирот убаво да се измазни и да се втисне воздухот, што е важно за фина текстура.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашно пире од компири – избегнете 7 најчести грешки.