домашно пире од компири

Домашно пире од компири – избегнете 7 најчести грешки

Домашно пире од компири обожаваат сите! Особено ги радува децата, но никој не би пробал од него доколку е студено, лепливо и без вкус. Сега имате можност да направите вкусно и мазно домашно пире од компири со кое ќе може да се пофалите и да ги израдувате вашите сакани!

пире од компири

Дознајте кои се најчестите грешки кои се прават кога готвите домашно пире од компири и како истите да ги поправите или уште подобро да ги избегнете.

Употребувате погрешен тип на компири

Најдобри за правење на домашно пире се белите компири. Тие содржат многу скроб, поради што пирето ќе биде вкусно, прозрачно и лесно ќе ги апсорбира мирисите. Во никој случај не употребувајте млади компири, бидејќи ќе добиете водена “паста” наместо вкусно пире.

Не ја посолувате водата во која се варат компирите

Во текот на варењето, скробот од компирите  ја апсорбира водата, а со тоа и состојките кои сте ги додале во неа. Така, доколку ставите малку сол уште во почетокот на варењето ќе добиете пире кое ќе биде многу вкусно.

Компирите ги ставате во тенџере со претходно зовриена вода

Оваа постапка е погрешна. Ако компирите ги ставите во веќе зовриена вода, бидете сигурни дека нема да се сварат рамномерно. Надворешниот дел на компирот ќе биде преварен, а додека внатрешниот ќе остане сиров. Правилно е, компирите да се стават во ладна вода, малку да се посоли и да се оставаат на оган за водата да зоврие. Потоа, се намалува температурата и се оставаат да се доварат на тивок оган.

Не им ја цедите доволно водата по варењето

Секогаш бидете сигурни дека сте ја отстраниле целата течност од тенџерето во кое се вареле компирите. Сигурно дека сакате пирето да има вкус на компири, а не на вода. Доколку не сте сигурни дали сте ја исцедиле водата во целост,  можете да го ставите тенџерето на шпоретот да стои неколку минути на тивок оган, за да испари преостанатата вода.

Додавате млеко и путер директно од фрижидер

Путерот извадете го од фрижидер и оставете го 10-тина минути на собна температура за да омекне, а потоа додадете го во топло млеко и добиената смеса измешајте ја заедно со варениот компир. На овој начин, компирите нема да се изладат и да се стврднат пред време.

Премногу ги гмечите компирите

Откако ќе бидат сварени, скробот што го содржат компирите се наоѓа во таканаречена “чувствителна” положба. Затоа, мора да се внимава да не се пасираат премногу долго, бидејќи така пирето станува лепливо и без вкус.

Го подготвувате пирето многу рано пред сервирањето

Секако дека е полесно дел од јадењата да ги подготвите побрзо, посебно ако имате планирано долга мени листа. Но, сигурно знаете дека кога компирот е предвремено подготвен и предолго стоел за да биде сервиран, не само што го губи квалитетот, туку го губи и вкусот. Доколку навистина сте ставени во ситуација да морате да го подготвите предвреме, тогаш ставете го во сад, покријте го со пластична фолија и  ставете го врз друг сад со вода која врие на многу тивок оган. На овој начин можете да подготвите домашно пире од компири и два часа пред да сервирате, а што помалку да изгуби квалитет. Сѐ што е потребно, е повторно да го промешате пред сервирањето.

Сподели: