Секогаш е вкусно, ароматично уживање, а посебно е обожавано за време на зимскиот период. Обично кога зборуваме за овој пијалок, прва асоцијација ни е користа за здравјето на срцето, секако кога се пие во умерени дози. Но, неодамна откривме уште една многу интересна придобивка. Па, напијте се чаша црвено вино против кариес на забите!
Постојат истражувања кои покажале дека црвеното вино влијае позитивно во зачувувањето на здравјето на забите. Неговото влијание во организмот е благотворно, но повторно ќе ја искористиме приликата да напоменеме дека мора да се пие во умерени количини, а тоа е 1-2 чаши на ден.
Истражувањето кое било направено во Шпанија, сеуште не наишло на некој кој го оспорува. Така, при последното истражување на Националниот истражувачки совет на Шпанија, било потврдено дека црвеното вино е одлично за одржување на оралната хигиена. Тоа се должи на неговите својства да го успори растот на бактериите и на тој начин ги заштитува забите.
Истражувањето покажало дека луѓето кои редовно консумираат умерена количина на црвено вино имаат здрави заби во средната и старата доба, што е одлична вест. Тоа е така бидејќи кариесот, разните болести на непцата и губитокот на забите, ги погодуваат 90% од светските жители.
Црвеното вино не може потполно да ги убие бактериите кои го создаваат биофилмот на забите, кој прво доведува до создавање на наслаги, а потоа и кариес. Но, важно е што може да го успори нивното делување, што надополнето со редовна орална хигиена спречува различни проблеми со забите и усната шуплина.
Ви препорачуваме да прочитате: Црвено вино за здраво срце и крвни садови.