pobedete gi toksicnite emocii od stresot 1

Победете ги „токсичните“ емоции од стресот додека е во акутна форма

Нашето секојдневие е бурно и нон стоп се случуваат нови и разни нешта кои едвај стигнуваме да ги пратиме и „стигнеме“. Во такви услови на општеството, скоро и да нема такви кои не страдаат од стрес и анксиознот. Мотивирани од сето тоа, во овој текст ви откриваме како најдобро да се справите со „токсичните“ емоции од стресот кои доведуваат до отежнато функционирање на организмот!

Овие состојби како што е психолошка напнатост, тахикардија, чувство на краток здив, притисочна главоболка, вознемирен стомак, гасови, болки во грбот, се дел од симптомите кои се карактеристични за стресот. Сите ние понекогаш поминуваме низ такви периоди и сме ги доживеале, барем некои, ако не и сите, во различните периоди од животот. Со желба да помогнеме и да придонесеме кој поквалитетен живот на сите нас, истражувавме подетално на темава.

pobedete gi toksicnite emocii od stresot 3

Менаџирањето на стресот не е едноставна задача

Секој кој се сретнал со него и притоа се обидел да се доведе себеси во ред, може лесно да разбере колку е важно истиот да се контролира. Зависно од појавувањето, времетраењето и симптомите, стресот може се манифестира како акутен во почетна фаза, епизоди на акутен стрес или пак да премине во хроничен стрес.

Акутниот стрес е најчеста форма на стрес

Обично се јавува кога од лицето се очекува да исполне зголемени барања или чувствува некаков притисок како резултат на блиското минато или блиската иднина. Мора да се спомне дека, во мали дози предизвикува поттикнувачка возбуда и одредена корист, но во преголема доза резултира исцрпувачки.

За среќа, симптомите на акутниот стрес повеќето луѓе лесно ги препознаваат. На пример, заборавање на некои важни работи, прескокнување на мислите, моменти на кратко невнимание при возење или некоја слична активност која бара фокус, рокови кои треба да се исполнат итн.

Со оглед на краткото времетраење, акутниот стрес нема доволно време за да направи поголема штета како што е случајот со долготрајниот стрес.

Најчести симптоми на акутен стрес се:

  • емоционални промени – иритабилност, гнев, депресија
  • мускулни проблеми – тензична главоболка, болки во грбот, во пределот на образите, проблеми со лигаментите и тетивите
  • општи симптоми – покачен крвен притисок, забрзано чукање на срцето, потење на дланките, прескокнување на срцето, раздразливост, мигрена, ладни дланки или стапала, краток здив итн.

Епизоди на акутен стрес

Ваквите епизоди се карактеристични за лицата кои се често пати подложни на влијанието на акутниот стрес. Тоа доведува да имаат повремени кризи и да поминуваат низ хаотични дејствија. Секогаш се во брзање, а секогаш доцнат. Премногу се грижат и под дејство на притисокот, тешко се организираат. Овие лица имаат „краток фитил“, брзо се возбудуваат и иритираат, анксиозни се и напнати, а често пати и не се свесни дека врват низ епизода на акутен стрес.

Друга форма на овој тип стрес е постојан страв и постојана загриженост. Имаат песимистички размислувања, на пример дека светот е постојано опасен, агресивен и непријателски, мислат дека нешто лошо ќе им се случи, како и дека сите нешта кои треба да се исполнат се итни.

Лицата кои патат од епизоди на акутен стрес ги обвинуваат другите луѓе и настани за емоциите низ кои поминуваат. А всушност, тоа се должи на нивниот животен стил и помалата способност за прилагодување на секојдневните бројни промени во средината и општеството.

Овој стрес се манифестира со упорни главоболки, често пати мигрена, покачен крвен притисок, болки во градите и срцева слабост.

Може да ве интересира: Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес.

Хроничен стрес

Овој тип на стрес е потполно спротивен на акутниот. Претставува долготрајно и бавно „уништување“ на телото, умот и животот. Хроничниот стрес е на некој начин игнориран стрес  во подолг период.  Се јавува во случаи на неуспешен или проблематичен брак, потешкотии во работата или кариерата  или при екстремна сиромаштија. Хроничниот стрес е причина за „неволји без крај“, вели едно научно истражување.

Се манифестира со посериозни заболувања или поголеми пореметувања во однесувањето. Понекогаш се должи на трауми од детството кои се пренесуваат кај возрасната индивидуа. Во такви случаи, длабоките верувања на личноста треба да се преформулираат. Секако, за тоа е неопходна стручна помош, но важно е дека има што да се направи.

Што може да се направи?

Како што кажавме на почеток, за жал, стресот скоро и да не може да се избегне со денешното темпо на живот. Но затоа, никако не треба да заборавиме дека треба да кажеме стоп, уште додека стресот има акутна форма. Признавањето и самосвесноста за преземање мерки се првиот и најважниот чекор во борба против стресот. Доколку имате поголем проблем ве советуваме да се обратите за стручна помош и да не се срамите. А во случај да забележите дека имате проблем и сакате сами да пробате да го решите, ви препорачуваме да ги посетите поголемите аптеки или онлајн продавницата на Тримекс и да побарате L-Tryptophan. Таа е една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира заради што, мора да се внесува преку храната или преку суплементација. L-Tryptophan е критична за производство на хормоните на среќата – серотонин и мелатонин, кои помагаат во поддршка на позитивното расположение, здравиот сон и правилната функција на имунолошкиот систем.

pobedete gi toksicnite emocii od stresot 2

Ако сакате да го земете суплементот препорачуваме да се консултирате со својот лекар. А, за дополнителни информации и консултации во врска со неговите својства, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин.

*Спонзориран текст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: