Паничен напад

Победете го паничниот напад – 5 важни совети од Д-р Нела Деспотовска

Обично се појавува ненадејно и без причина! Паничниот напад е ненадејно и интензивно чувство на страв и вознемиреност и може да биде крајно непријатно. Нападот на паника обично трае помеѓу 5 и 20 минути, а ретко подолго од еден час. Што може да помогне при паничен напад? Кои додатоци се препорачуваат? – Поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска на оваа тема. 

Тешките напади на паника можат да бидат вознемирувачки и значително да го намалат квалитетот на животот. Се препорачуваат промени во животниот стил и вклучување на одредени додатоци во исхраната. 

Паничен напад

1. Користете техники на релаксирање

Техниките како што се длабоко дишење или медитација можат да помогнат да се чувствувате релаксирано, а со тоа да се намали и чувството на анксиозност. 

2. Одржувајте здрав животен стил

За да ја намалите зачестеноста и сериозноста на паничните напади, потрудете се да се храните здраво, да вежбате редовно и да одржувате правилна рутина за спиење.

Со здрав начин на живот можете да го стимулирате лачењето на хормоните кои се одговорни за чувството на задоволство и среќа, да го зајакнете имунитетот и да го зачувате здравјето.

3. Избегнувајте тригери

Забележете што го поттикнува паничниот напад. Потрудете се да ги избегнувате тригерите кои кај вас влијаат за појава на паничните напади. 

4. Избегнувајте кофеин и алкохол

Избегнувајте консумирање на кофеин и алкохол, особено пред спиење.

5. Побарајте стручна помош

Иако паничните напади не се опасни, тие можат да бидат застрашувачки и значително да влијаат на секој аспект од животот. Токму затоа е потребно навремено да се побара помош од стручни лица за да се дојде до решение и да се добие потребната поддршка и разбирање.

Додатоци кои се препорачуваат кај лицата кои имаат панични напади

Б витамини – B50 complex

Б витамините, особено Б6, Б9 (фолна киселина) и Б12 се неопходни за правилна функција на нервниот систем и можат да помогнат во смирување на нервите и намалување на менталниот стрес и замор. Затоа се познати и како витамини против стрес. Една студија од 2013 година го истражувала ефектот на витамините од групата Б кај лицата со депресија и анксиозност. Студијата откри дека витамините од Б комплексот може да го подобрат расположението и квалитетот на живот кај возрасните со депресија.

Намирници кои се богати со витамините Б се: црн дроб, месо, мисиркино месо, житарици во цело зрно и банани. 

За да се постигне баланс се препорачуваат додатоци кои ги содржат сите Б витамини. Наша препорака е B-50 complex. B-50 обезбедуваат целосен додаток на Б-витамини плус холин и инозитол. Овие витамини делуваат за да го поддржат производството на енергија, да одржуваат здрав метаболизам на хомоцистеин и да го промовираат здравјето на нервниот систем. В-50 комплекс има стимулирачки ефект врз организмот. Се препорачува да се земе една капсула, наутро со првиот оброк за да ги надополни хранливите материи и да го подобри метаболизмот.

Витамини Б50

B-50 complex може да се набави онлајн преку vitamini.mk со бесплатна достава или во поголемите аптеки. 

Дознај повеќе: Д-р Нела Деспoтовска советува: Витамините B-50 помагаат при стрес, замор и недостаток на енергија.

Витамин Д

Недостатокот на витамин Д е поизразен во зима, но се јавува и во лето кај лицата кои не поминуваат доволно време на сонце. Една студија од институтот за ендокринологија во Прага утврди дека лицата кои страдаат од анксиозност имаат пониски нивоа на калцидиол, хормон произведен со помош на витамин Д3. 

Наша препорака се Vitamin D-3 1000 IU од брендот NOW. Може да ги набавите со попуст преку vitamini.mk или побарајте ги поголемите аптеки. 

витамин д3 за подобро расположение

Дополнителни додатоци кои се препорачуваат за лицата кои имаат панични напади

Ако се соочувате со чести панични напади, други додатоци кои се препорачуваат се:

Може да те интересира: Триптофан за мирен сон и добро расположение.

Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: 7 намирници го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот – препораки од Д-р Нела Деспотовска.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: