Дочекајте ги празниците во топ форма, со силен имунитет и заборавете на лошото варење на храната! Тука се протеолитичките ензими кои помагаат за подобра работа на дигестивниот систем, го поддржуваат имуниот систем, го забрзуваат заздравувањето на ткивата и опоравувањето на мускулите. Имаат бројни придобивки за здравјето, па затоа направивме мало истражување на оваа тема. Во која храна се наоѓаат, кога се јавува недостаток и која е нивната функција ве запознаваме во текстот кој следува.
Ензимите се потребни за правилно искористување на витамините и минералите кои ги консумираме преку храната, како и за добро функционирање на хормоните. Освен тоа, протеолитичките ензими ги регулираат метаболитичките функции и помагаат во одржувањето на издржливоста и енергетското ниво.

Протеолитичките ензими имаат многу функции, a најзначајна е правилното разложување на протеините и лесно варење на храната
Главната улога на протеолитичките ензими е помош во процесот на варење на храната. Тие ја помагаат дигестијата на протеините, распаѓајќи ги на помали единици – аминокиселини. Ензимите имаат многу улоги и тоа:
- Ја поддржуваат имунолошката функција
- Го поттикнуваат заздравувањето на ткивата и ги обновуваат мускулите
- Учествуваат во многу функции на дигестивниот систем.
Ензимите може да се земаат во форма на суплементи, но и да се најдат во природен облик во некои видови на храна.
Зошто се јавува недостаток на ензими?
Иако ги има во храната, сепак многу лица имаат недостаток на протеолитички ензими. Затоа се поставува прашањето, зошто е толку тешко да се внесат потребните ензими преку исхраната? – Кога се консумира храна која е термички приготвена или преработена, се губи ефективноста на ензимите. Тоа е причината зошто многу луѓе имаат потреба да користат суплементи за време или помеѓу оброците особено за време на празниците.
Која храна е богата со протеолитички ензими?
Свежата и ферментирана храна е богата со ензими. Со ферментацијата кај одредени видови на храна се намалуваат и некои ензимски инхибитори кои може да бидат присутни во неа.
Намирници богати со протеолитички ензими се:
- ананас (бромелаин)
- ѓумбир
- папаја
- киви
- кисела зелка
- јогурт
- мисо.
Може да ве интересира: Бромелаин – моќен помошник на варењето на храната и сојузник против алергии.
Протеолитичките ензими се достапни и во суплементарна форма
Панкреасот е значаен орган кој ги произведува протеолитичките ензими, кои ги разложуваат протеините во храната која ја јадеме. Во случај на недостиг на протеолитички ензими и неправилна работа на дигестивниот систем, се препорачува да се земаат во суплементарна форма. Три најпознати протеолитички ензими кои се користат како суплементи се пепсинот, бромелаинот и папаинот. Пепсинот природно се произведува во цревата, а бромелаинот и папаинот се наоѓаат во храната.
Бромелаинот може да ви помогне за подобра дигестија и е достапен и кај нас
Бромелаинот е природен протеолитички ензим кој се наоѓа во сокот и стеблото на ананасот, а има бројни здравствени придобивки. Се смета дека бромелаинот е биолошки најактивен од сите дигестивни ензими, и за разлика од други дигестивни ензими лесно и во големи количини се апсорбира во организмот. Сличен е со пепсинот по тоа што природно го помага варењето на храната. Исто така, ефикасно помага при надуеност, гасови и дигестивни состојби како синдромот на иритабилните црева.
Лошото варење на храната доведува до појава на алергии, анемии и нарушување на имуниот систем. Кога тешко се разградува храната, се појавува чувство на подуеност и зголемена киселост во стомакот, чести гасови, болки во стомакот и отежната апсорбцијата на хранливи материи.

Ако се прашувате кој е најдобриот извор на бромелаин, во консултација со Д-р Нела Деспотовска, можеме да ви препорачаме да го набавите Bromelain од Now Foods, кој има ознака за GMP квалитет и е дел од групата на производи на Now Foods, бренд кој се залага за природни суплементи со врвен квалитет и ефект врз здравјето.
Доколку сакате да дознаете повеќе детали или да нарачате до дома, препорачуваме да ја посетите онлајн продавницата на Trimeks, да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или слободно пишете ни се на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за најдобар совет за вашата потреба и ќе ви одговориме.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни начини да го подобрите варењето на храната.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.