Посна крем супа од тиква

Посна крем супа од тиква

Во деновите на пости, а и кога сакаме лесна храна која ќе нѐ стопли, оваа посна крем супа од тиква е полн погодок! Богата со витамини и минерали е совршен избор за целото семејство.

По желба, може да го изоставите маслото, а со тоа и краткото запржување на дел од состојките и супата да ја јадете за време на пост „на вода“.

Посна крем супа од тиква 2

Состојки:

Основа за супа:

  • 300 г тиква 
  • 150 г компир 
  • 80  г кромид
  • 80 г целер
  • 80 г морков
  • 40 г пашканат
  • 40 г корен од магдонос
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици пченка
  • 1200-1500 мл вода
  • Брилијант масло по потреба.

Зачини:

Додатоци:

  • сок од ½ лимон
  • ситно сечкан магдонос за декорација по вкус.

Подготовка:

  1. Тиквата измијте ја и исечете ја парчиња. Ставете ја во поголем сад на оган, да се вари во поголема количина на вода. Варената тиква исчистете ја од кората и испасирајте ја во вид на пире.
  2. Кромидот, лукот и пашканатот излупете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Кратко запржете ги во друг сад со малку масло
  3. Во тенџере налејте 1200-1500 мл вода и во неа додајте ги и покрупно исечканите компир, морков, целер и магдоносот.
  4. Варете додека зеленчукот омекне, а потоа додајте ја и варената и пасирана тиква.
  5. Зачинете со сите погоре наброени зачини.
  6. Кога добро се извариле сите зеленчуци, тргнете го садот од оган и испасирајте ја смесата со рачен блендер, или доколку немате, почекајте да се излади, па испасирајте ја вообичаено.
  7. Пробајте и по потреба додајте уште Дафинка, црн бибер и сол.
  8. Зачинете ја со лимоновиот сок и ситно сечканиот магдонос. Послужете и уживајте во светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате и: Посни ќофтиња од грашок

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: