Се радуваме кога ве инспирираме и мотивираме да ги направите најубавите десерти! – Нашата читателка Ирена ја подготви превкусната посна овошна торта без печење и нѐ покани на дегустација. Инспирирана од рецептот за посни колачи во чаша на Марија од нашиот тим, направи комбинација со тропско овошје – ананас и банана.
Марија ја прифати поканата и направи мала фотосесија, па убавата торта ја споделуваме со сите. Посна, сочна и овошна, идеална за сечиј вкус! Оцена од нас – чиста 10-ка. А штом направите нешто вкусно, се инспирирате од нас или го испробате овој рецепт, ве покануваме да го споделите во групата Сѐ за храна на Facebook.

Состојки:
- 1 кг посни бисквити
- 1 поголема конзерва ананас (820 г)
- 2 пудинзи од ванила од Витаминка
- 900 мл вода
- 3 лажици шеќер
- 125 г маргарин
- 300 г посна шлаг пена
- 2 банани
- кокос од Витаминка, калинки и нане за декорација.

Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете 500 мл вода да се вари. Пудинзите измешајте ги со шеќерот и додајте 100 мл вода. Измешајте за да се растопи шеќерот.
- Во зовриената вода додајте ги пудинзите, мешајте со жица за матење и варете 2-3 минути. Кремот тргнете го од огнот и оставете го да се излади.
- Ананасот исечкајте го на мали коцки, а сокот ставете го во чинија. Бананите исечкајте ги на кругови.
- Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте 300 мл вода. Изматете ја во цврст шлаг.
- Маргаринот исечете го на мали коцки и додајте го садот со изладениот пудинг. Изматете со миксер за да се соединат и постепено додавајте половина од изматената шлаг пена.
- Земете една бисквита и потопете ја во сокот од ананас. Ставете ја во тава. Постапката повторете ја и со преостанатите бисквити и наредете еден ред во тавата. Врз нив ставете половина од филот со пудинзите и додајте го сечканиот ананас. Наредете друг ред бисквити претходно натопени во сок од ананас.
- Додајте го преостанатиот фил и наредете ги парчињата банана. Врз нив ставете го третиот ред со бисквити, исто претходно натопени во сок.
- Тортата премачкајте ја со преостанатата шлаг пена и ставете ја во фрижидер за да се стегне преку ноќ. Изладената посна овошна торта исечете ја на коцки, декорирајте ја со кокос, калинки и нане. Уживајте во светот на вкусовите!
Совет плус: Ако количината сок од ананас е мала, додајте малку вода.

Автор на рецептот: Ирена Богданоска.
Автор на фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви предлагаме да прочитате: Посен овошен десерт во чаша со пудинг.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.