Нашите баби често пати правеа слични вакви чорби, а Невена ни припреми една малку поинтересна варијанта на посна чорба со ракчиња. Најубава е кога е топла, а посебно во ладните денови. Треба да ја пробате, вкусот и е добар.
Целосната комбинација на состојки е вешто избрана и многу добро се вклопуваат, па не е тешко да ја бендисаат и оние кои се попребирливи по вкус. Еве го рецептот.
Може да ве интересира: Ќофтиња од ориз и ракчиња.
Состојки:
- 250 гр чистени ракчиња
- 1 средно голем морков
- 50 гр замрзнат грашок или од конзерва
- 2-3 чешниња лук
- 2 лажици сечкан магдонос
- 1 лажиче сув власец
- 1 лажиче мешан зачин
- црн пипер по вкус
- 1200 мл вода
За запржување:
- 5-6 лажици масло
- 2 лажици брашно.
Подготовка:
- Водата ставете ја да зоврие.
- Откако ќе зоврие, во неа додајте ги ракчињата, морковот исечкан на коцки, ситно исечканото лукче и грашокот. Ако користите грашак од конзерва, додајте го на крајот од варењето, пред да го додадете запрженото брашно.
- Оставете ги состојките да се варат околу 10-15 минути и потоа направете ја запршката.
- Во тавче ставете го маслото да се загрее, па додајте го брашното и со постојано мешање пржете го додека малку се смени бојата, но не треба да потемни.
- Смесата од тавчето додајте ја во тенџерето со ракчињата и измешајте.
- Додајте ги ситно сечканиот магдонос, власецот и зачините по вкус.
- Оставете да повари уште 4-5 минути и чорбата е готова. Послужете ја како топло предјадење со прилог од лимонов сок или како целосен оброк со лепче и салата. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Лесен рецепт за шпагети со ракчиња.