Гурмански рецепт кој мора да се проба! Вкусно и малку различно подготвени шпагети со ракчиња, и прекрасни како идеја за брза вечера и уживање со домашните.
Може да ве интересира: Морска пица со тиквички.

Состојки:
- 400 гр шпагети
- 450 гр ракчиња
- 150 мл бело вино
- 350 мл вода
- 3-4 чешниња лук
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- малку магдонос по потреба
- маслиново масло по потреба.
Подготовка:
- Прво сварете ги шпагетите, како што е препорачано на пакувањето. Доколку сакате, погледнете како може да подготвите совршени шпагети.
- Лукчето исчистете го, измијте го и ситно исечкајте го.
- Во тава ставете малку маслиново масло да се загрее, па во него запржете го претходно припреното лукче. Доволно е да го пропржите само кратко, колку за да го ослободи мирисот, а да не потемни.
- Во тавата додајте ги и ракчињата, виното, водата, сол и црн пипер по вкус, па оставете ги да се динстаат додека да испари течноста.
- Додадете ги претходно сварените и исцедени шпагети и ситно сечканиот магдонос, па измешајте ги сите состојки.
- Декорирајте и сервирајте по желба со магдонос, а може да додадете и ситно исечкан, па малку запржен домат. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Запечени тестенини со туна и доматен сос.