Мммм…пица! Зарем постои човек на светот што не го обожава ова ремек дело на италијанската кујна? Топло и убаво испечено тесто во фурна, доматен сос, оригано, кашкавал што топи во устата и месни додатоци кои го даваат вистинскиот мирис и шмек. Станавте гладни зар не? Еве еден предлог за љубителите на морска храна, сигурно ќе ви се допадне. Станува збор за испробан рецепт за морска пица со тиквички.
Невена добро ја има проучено италијанската кујна и нејзините специјалитети. Овој пат таа ни предлага рецепт за морска пица со тиквички.

Состојки:
- 300 гр брашно
- 200 мл топла вода
- 1/4 коцка свеж квасец
- 1/2 мала лажичка сол
- прстофат шеќер.
Фил:
- 120 гр чистени одмрзнати ракчиња
- 1 мала тиквичка
- 130 гр рендан кашкавал
- 5 лажици доматно пире
- малку лук во прав
- прстофат оригано.
Подготовка:
- Најпрво подгответе го тестото.
- Во сад ставете го брашното, квасецот, солта, шеќерот и со постепено додавање на водата замесете средно меко, изедначено тесто. Тестото покријте го со кујнска крпа оставете го да нарасне.
- Откако ќе нарасне, премесете го и на набрашнета површнина развлечете го во кора со големина за тава за печење бр. 38. Кората ставете ја во тавата.
- Премачкајте ја со доматното пире, наредете го кашкавалот, тиквичката исечена на кругови и ракчињата. Посипете со малку лук во прав и попрскајте ја со малку масло.
- Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
- Пицата ставете ја да се пече во загранатата рерна за време од 20 – 25 минути додека се зарумени.
- Кога ќе ја извадите, печената пица посипете ја со малку оригано. Покријте ја со кујнска крпа, малку да подолади и потоа послужете се. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Капричиоза пица од интегрално лудо тесто.