За сите кои сакаат да постат, еве еден супер рецепт за посни баунти колачи. Уживајте во празниците и во исполнувањето на своите желби и верувања пријатели!
Во пресрет на големиот христијански празник, повелете супер рецепт со кој може да послушите околу 12 лица. Еве што ви е потребно за да ги направите.
Состојки:
- 125 мл оризово млеко (за замена може и соино)
- 150 гр маргарин
- 150 гр шеќер во прав
- 250-300 гр кокос.
За прелив:
- 200 гр чоколадо
- 4 лажици вода
- 4 лажици шеќер
- 100 гр маргарин.
Подготовка:
- Млекото подгответе го според упатството на кутијата, па турете го во тенџере и додајте го маргаринот. Гответе на тивок оган додека се истопи маргаринот, а потоа малку засилете го за смесата да зоврие.
- Тргнете го садот од оган, а додека смесата е уште врела, додајте го кокосот (прво додајте 200 грама, а ако е ретко додајте уште малку по потреба). Додајте го и шеќерот во прав и се добро измешајте, па оставете ја смесата да се лади во фрижидер, најмалку 2 часа.
- Кога смесата ќе се излади, со помош на лажица земајте по малку од смесата и ставајте на дланката , па направете бомбица. Внимателно притискајте и не се плашете заради што смесата е ронлива, полека ќе ги оформите колачите и ќе станат цврсти, важно е да нема пукнатини. Откако ќе ги оформите колачите редете ги на тацна.
- Направените бомбици ставете ги во фрижидер, да се ладат уште еден час.
- Во помал сад искршете го чоколадото, додајте го маргаринот, претходно исечен на чистови, додајте ја водата и шеќерот. Оставете на тивок оган да се соедини смесата и не дозволувајте да зоврие.
- Во изладените бомбици забодете дрвени стапчиња или чепкалки и секоја од нив чоколадирајте ја и декорирајте по желба. На крај забодете ги во декоративен стирипор и послужете се. Доколку сакате може да ја прескокнете постапката со стапчињата и да ги послужите како и обично. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: 17 најдобри рецепти за посни колачи и торти.